Devojki da vi se pofalam denes bev vo plodnost da proveram beta i izleze pozitivna 1910 e vrednosta na 14 den.Presrekjna sum i prezadovolna od doktorot i embriologot.So srekja na site i da se ischistime site pobrzo od temava da se prefrlime vo trudnicki muabeti❤
Честитки и со лесно до крај! Да не е за подрек,но мислам дека почнаа да летаат високи бети во темава во последно време! Јеееј
Да ти е живо и здраво малото и радости да ти носи. Се сеќавам на твојата приказна, знам дека ви креваа раменици зошто нема оплодување што дополнително фрустура. Мнг ми е драго, и дај Боже за сите од темава да си држат бебиња во рачиња поскоро.
Здраво девојки, Вака после не знам колку и сто све не пробано ,неколку инвитра открив посвојување на ембриони,се разбира во странство не кај нас ,бидејки кај нас ја немаат таа опција. Јас се одлучив на тој чекор бидејки сакам конечно да си имаме детенце разликата е што од обично посвојуванје овдека добивате прилика да си го носите детенецто 9 месеци и да осетите сто значи галенње на мешето ....Сакам да споделите искуства доколку некоја има некаков пример или искуство.
Cestitki majka,mojata beta na 14 den bese 1734 i nosam bliznacinja.Taka da spored tvojata i ti si imas bliznacinja Cestitki uste ednas i dasi imas lesna bremenost
Господ здравје и среќа да му даде на др Митко. Благодарение на неговата позитивна енергија и совети, после речиси 3год и 3 неуспешни инсеминации одлучив 4таа да ја правам кај него и сега имам прекрасна 4.5 годишна ќерка. Во моментов сме во постапка за ин витро (за второ дете) и секако довербата ја поверувам повторно на др. Митко. Се надевам на среќа во процесот и истата ви ја посакувам на сите.
Како мислиш посвојување на ембриони ?! Има опции и кај нас во сите клиники да си купиш репродуктивен материјал. Сакаш јк ,сакаш спрема , сакаш готови ембриони . Ако купиш ембриони ти прават трансфер во болницата каде си започнала постапка и тераш. Можеш да купиш и само јк па со материјалот од партнерот да ги оплодат купените јк, а може и да си купиш сперма па од тебе да пунктираат јк и истите да ги оплодуваат. Значи ги имаш сите опции на располагање
Не знаев дека може и кај нас ти благодарам за инфо.. мене само ми понудија донација на јајце клетки бидејќи јас немам … во Чешка има embryo adoption фалтички по нашата физиономија и крвна група избравме две ембриончиња кои ќе ги префрлат кај мене само сакав да прашам за такво искуство кај нас
Ако си над 40, и одите со донор јајце клетки, подобро во странство да пробаш. Јас немам искуство со донирани, но имам неколку пара што ги знам и правеа со донор овде, неуспешни беа трансферите им го потрошија материјалот. Впрочем како и со твој материјал, треба индивидуален пристап и максимална посветеност. Овде штанцаат. Па уште кога ќе им кажеш колку години си ќе ти зборуваат што не си дошол порано. А не е до годините, во странство и на 50 раѓаат. Сакам да кажам знаењето на докторите овде е лимитирано а во чешка имаат поголемо искуство со донирани.
36 имам ама баш од овие причини што ги наведе се одлучив за Чешка,тука сакаа да ми ги одстранат јајниците (имам два фоликула и неколку антрални )а во чешка докторот е строго против тоа додека не родам...а разлика во цените е башка 3500 еур за две ембриончинја кај нас само јајце клетки испадна околу7500 а не ти гарантираат дека од тие донирани ке дојдеш до ембриончиња а за трансфер да не правиме муабет
Моето искуство со ивф ми покажало да бегаш подалеку од нашиве доктори. И плус Чешка е во ЕУ, секој месец имаат контрола во лабараториите. Таму имаш статистика, а овде ќе се молиш на господ. Среќно!
И овде кога се купува биолошкиот материјал се води сметка за крвна група и фенотипски особини. Не ви ја знам историјата , веројатно имате прблем и со машкиот материјал па затоа одите на опција готов ембрион. Ако спермограмот ви е во ред ,тогаш мое мислење е дека подобра варијанта ви е само купување на јк. Во врска со цената , да , сега се околу 6.000 евра 8 јк овде , ама имаш можност да добиеш и 8 ембриони ( а може скраја да е и ниеден ) , а во Чешка велиш добиваш 2 ембриони за 3.500 еур . Горе долу ,таа е цената и во Грција. Имате вие проблем со материјалот на партнерот ?!