4106 ден. беше во Декември, и само во Систина ја имаше, па зависи, мене во извештајот ми пишуваше секој 4-ти ден, ама дека немав ет, само еднаш примив после пункција. Во извештајот треба да ти пишува, а и сестрата ми објасни. Некои примале преку еден ден.
Тој лек е тешка хемија што им се дава на болни од рак, прочитајте го упатството и прогуглајте. Мене исто др. Митко Ивановски ми го даваше и тоа 10 инекции преку еден ден за зголемување на шансите за имплантација. Рачунај само 40.000 денари за тавагастрин а до имплантација никогаш не дојде, колку што добро се сеќавам на зборовите на докторот, ескпериментален е, не покажал дека ќе имаш успешен трансфер ако го примаш.. Цела година како одам на ин витро во Грција, никогаш не ми препишале ниту еден витамин освен метил фолат, а за овакви лекови да не правиме муабет. Во Грчка пред трансфер ти даваат да пиеш циклопрогинова што е 100 и кусур денари и аспирин. Така што размисли дали ќе бидеш послушен или непослушен пациент Pozdrav.
Прашав во Грција , попристапна цена се ако купиш наеднаш , е сега ме замисли со ова дека се давале на болни од рак , 262 еур се 5 инекции...
За Пункција 2150 евра ( 1000 за докторот, 1100 за болницата, 50 за анестезиолог) за трансфер платив 1600 ( 1000 за одмрзнување на ембрионот и трошоци за болницата и 600 за докторот). Ако те интересираат цени можеш да им пишеш на info@fivi.gf Oва ти пишувам од сеќавање може и да сум утнала нешто.
Многу лоши работи имам прочитано за тевагасртин. Знам Трајковски го дава… Се дава и на пациенти пред трансплантација на орган.
Јас и тогаш се двоумев, сега па откако прочитав... И само во Систина ја имаше. Тогаш купив само една, си кажав ако ми се јават за ет, ќе докупам, и среќа што не купив повеќе. А после ет до позитивен тест се примаат?
Да…. Претпоставувам ја даваат за да го прифати телото ембрионот… Не знам девојки, еве некоја поискусна ако има нека каже.
Јас ја примав во два ивф циклуси и тоа по 10 комада преку еден ден, немаше имплантација. Да сум со паметот што го имам сега, никогаш не би ги земала, ама ете тогаш му верував на докторот.
@Anyshka @Elliana Мене за прв пат ми препишаа такролимус( ако станува збор за исти апчиња) да земам после трансфер до тест за бременост.Се пие секој ден.И јас незнаев какви се па прашував баш пред некој ден за апчињава.Но доктори се ,ако не им веруваш кому да веруваш?И кога ми кажаа за што се дава,никогаш не помислив зошто ми дава вакви апчиња? Знаат тие најдобро.
Леле да, се извинувам, да не збунам некого. Првиот се дава кај пациенти болни од рак и ХИВ, а такролимус кај трансплантација на органи.