Следува ваучер, јас со првото сум спонтано, еве сега баш сум во процес за второ оти закочи работата од непознати причини. Само документи собери, брисеви, пап не постар од 6 месеци мислам, два спермограми од различни лаборатории, и на страната на фондпт прочитај копија од венчаница, од извод од првото дете, барање од матичен гинеколог, 3 д ехо, и хсг за проодност на канали. Мислам тоа дека беше, и секако инсеминации не знам дали ќе ти бараат, нас 4 ни бараа.
Фала ти многу, не знаеш колку ме утеши, баш ми е мило за тебе, гушкај меше а после и бебчиња . Дај боже кај сите полни раце.
Секако ти следува ваучер, поднеси си документи во Фондот. За сопругот бараат два спермограми од две различни институции, инфективен скрининг од двајцата, 2Д и 3Д ехо, крвна слика со седиментација за тебе. Штом си со непроодни канали би требало без инсеминации, ќе ти напише специјалист во извештајот.
Fala ti srcka.Amin daj boze eden den site ke guskame bebinja vo race.Zatoa samo pozitovno i pozitivni misli.
@emiliana @Anyshka @pandelka да идам кај матичната ваљда ќе знае д а ме упати за се. Што како. Фала ви на одговорите. Неможам уште да се свестам од наодот...
So selen od 100 jas gi namaliv ATGS kaj mene se 1. A prethodno mi bea 4.6. A TPO mi se 1300 tie nemozam da gi namalam. A tsh mi e nisko 1.7 isto eutirox pijam.
Фала ти. Изгубено се осеќам, ама ваљда матичната ке ме оправи кај што и како за да соберам документи.
Не се секирај, тука не’ има многу со ин витро, и за прво и за второ дете. И многу со проблем како твојот, па и со посериозни. Ништо не е страшно, ќе собереш документи и ќе поднесеш. Со среќа
Не се секирај за наодот,ќе се свестиш и ќе се бориш. Мене еден јајцевод ми е изваден пред 6 години на мои 23 години,другиов што остана и тој не е баш саглам.Ми одобрија ваучер со 2 инсеминации.Впрочем,непроодни канали е апсолутна индикација за ИВФ. Др Лазаревски гостуваше во емисија со снаа му и кажуваа дека и ги извадил двата јајцеводи и сега има две дечиња преку ИВФ. И мене ме фаќа паника ама мора да се бориме.
Јас искрено на таков јајцевод, еден имам , сум зачнала 6 пати на тој еден јакцдвод и првата бременост ми беше на другиот, значи 7 бремености и од нив една успешна бременост. Зборот ми е дека не е ништо невозможно ама е критично. Документација треба да знаат се што треба матичните ама ако нешто закочиш тука сме ние ќе ти помогнеме. Во глобала се: °Пап тест не постар од една година; ° микробиолошки не постари од 6 месеци; ° инфективни за тебе и за партнерот не постари од 6 месеци; ° два спермограми со разлика од мин 3 месеци; °Крвна слика ; ° хормони 3 ден ° 2д/3д °Извод од прво родено дете; ° барање за инвитро од кај матичниот.. Се надевам дека не заборавив нешто..
Sleduvaat tri vauceri za vtoro dete. Jas prvoto prirodno,so vtoroto mi. Se iskomlicira rabotata edna vonmatericna pa vtora vonmatericna i gi izvadiv jajovodite.Si podnesov za vaucer mi odobrija. Ako nemas jajovodi ili so naod deka se celosno neproodni mislam vednas te sleduva bez inseminacii.
Еве го наодот од хсг. Првата бременост лесно зачнување уредна бременост, се породив царски не знам како волку се запушија... @pandelka ти благодарам. Од овие документи само 2д/3д ми фали мислам. На приватно ли се прави? И каде е најдобро? @LanaDelR ти благодарам за споделеното.
Ако можеш државно и најминимално да платиш, најпаметно ти е. Реално дебели трошоци те очекуваат така да гледај што поефтино да поминиш. Сигурно е од царскиот , инфекција некоја фатена. И кај мене после лапароскопија Тофоски ми рече супер ти е Др јајцевод и одма на него останав бремена, заврши со киретажа Струга на живо гребење и ме заборавија една недела не ми препишаа антибиотик, тогаш мислам дека и другиот ми се запуши. Нашата чудесна Македонија... И наодот од хсг достави го во документите.
Оф оф, незнам што да кажам... Здравтвото катастрофа наместо да те оправат полошо само.. Од штип сум јас па не знам дали повеќе ми се исплати да идам за ск за на државно и да чекам или тука во огранџиски на приватно. Дур ми се важечки другиве испитувања да не се вртам во круг дур едно направам друго да измине
@Snowflake92 е да, ако немаш каде Штип, патот до Скопје ќе те фати исто како приватно кај Органџиски, танте за кикирики што викам јас. А дека изминуваат другите документи ,изминуваат..
Да се помирам малку и ќе барам да соберам што фали да не чекам да изминат. Фала ти за споделените информации и искуства.
Женски кажете ми каде можам да најдам Progesteron Depo? Треба утре сабајле да примам а не можам да најдам во ниедна аптека. Фала ви многу