Дај боже да е така, еве затоа сабота ќе отидам на бета, ама телово како што си го познавам све ми кажува дека ќе добијам.
Мм си направи и пред тоа, дека му пишуваше во извештајот на спермограмот да направи, и уринокултура, ама дека му изминаа 6 месеци, во Систина ни побараа нова спермокултура и инфективен скрининг.
Ти благодарам многу . Сега читав по темине за капки Фемина, мислам ти имаше пишано си ги земала. Која цена се и од каде нарачуваше? Не знам дали понатака да пијам од нив некое време.
Јас сега ги купив капките. Преку инстаграм профилот на Jelena Milovic, таму ги нарачав. И пишав на неа да ми објасни како да ги користам. Земав доза за 1 месец , 2400 ме фати со доставата. Стигнаа за некои 2,3 дена. Чекам да ми заврши циклусот па ќе ги почнам. Дај боже да има ефект од нив.
мои соборки, сакам со оваа порака да ги охрабрам тажните и оние кои се со лоши мисли и без надеж јас сум од оние постарите членки ,по 7 години и 6 ивф ,мн ниско амх,оперирана ендо , тромбофилија итд ,имам едно годишно бебе и сум природно бремена 3 месеци на големо изненадување не губете никогаш надеж жени мои just believe in miracles
А мене ме каравте рано шо се тестирам Не се важи ова,бета да се провери! Мене денес ми земаа крв,резултати утре!
Ајде бебо да повлечеш нога со позитивна бета Па сакав да видам бар бледа линија ама нема, пола саат го студирав тестот ама џабе, една црта, ми идеше да му нацртам втора од нервоза .
@Nikol29 @nikja фала девојки, да се информирам што и како, па во консултација со докторот ќе видам што ќе пијам. Ја одма планирам како понатака, гледам што да доиспитам, што витамини да појачам, тоа ми дава малку бар чувство на контрола во целава ситуација. @L*G честиткии, да ти се живи и здрави, ептен се радувам на ваквите приказни
Девојчето у лабораторија изгледа е сега вработено. И викам испитувате бета хцг? Вика да,тримесечниот шеќер беше тоа нели? Охх си викам сестро на сета мака уште шеќер да ми испиташ место бета
Епа ги праќале на друго место за испитување и утре им ги носеле резултатите. Вика ти се брза ли? Не бе какво брзање,таман работа,онака успат да видам дали сум трудна