Девојчиња, некоја да има правено во скоро време Ера тестирање, дали го прават во Систина и која е цената од прилика?
Би сакала да ве прашам дали некој знае на 11ти ден дали ќе покаже да испитам бета, оти би требало во понеделник да се вратам на работа (ако е негативен) а тогаш ми е 14ти ден од трансфер
Мои лавици,тигрици и остали храбрици На беба ваша никогаш не и одело од рака,па ни сега. Вредноста на бета е 5. Не сум изненадена ич,ништо ново…Ќе ми беше чудно ако е повеќе Сега ќе одморам циклус или два,а во меѓувреме кажувајте како оди трансфер со замрзнати и колку би ме чинел од прилика,да собереме пари уште сега Ве сакам!
Баш се надевав на позитивни вести, многу ми е жал бебичка . Ама сега одмори малку и напред со нови сили, ќе дојде твоето јуначе. За цена на трансфер приватно поима немам, ти која клиника си??
Систина. Докторот ми пиша на 8-9 ден од циклус контролен ултразвук? Обично нели се оди на втор трет ден за контрола? Да не мисли одма да ми прави со замрзнат? Многу е скоро.
Не знам, ќе видиш што ќе ти каже ќе се договоривте. Добро што имаш замрзнато. Ја ќе морам наново све, немав за мрзнење.
За трансфер со замрзнати се почнува на 8-9 ден , се прати овулација на ехо, јас одев преку еден ден. Во април правев во систина, цената тогаш беше 42000 основна цена, се' друго плус се доплаќа.
Баш ми е жал мила, стварно се надевав дека ти е позитивна бетата. Инаку ако правиш на природен циклус не е рано, и јас одма правев после циклус, значи како два месеци после пункција ми се фати од прилика. На природен циклус мене докторот ми рече можеш и секој месец да правиш. Нема посебна терапија па затоа.