Da se prijavam, jas sum so nizok AMH i so endometrioza(operirana pred 7 god) i imam uspesna prizkazna devojcence- 2 godini. Samo pozitivna misla i ne moze da ne bide
Здраво лавици И јас сум една од вас во оваа борба имав трансфер на 01 јуни 3 ин витро пак неуспешно . Ве читам и пак полека ми се враќа силата ама некако вербата за успех тешко. Некако повеќето се неуспешни стварно не ми е јасно што треба да се направи за да се стигне до успех. Конкретно јас сум со псос од јануари до мај се посветив на мене вежбав пазев со храната зашто ми велат треба да ослабниш и на крај пак ништо Имам еден ембрион замрзнато и стварно не знам како би се припремила психички прво за да се одлучам да го вратам а времето си лета годините си одат некако се чуствувам дека почнувам да се губам да се гушам. Се трудам да не ми влијаат вести од типот некоа останала бремена,некоа се породила родендени и слично. Се извинувам можеби постот е песимистички ама ваљда е период ќе помине Ве гушкам сите на крај краева заедно сне посилни и сите ќе стигнеме до долго посакуваната желба
Секогаш сум се радувала кога ќе слушнам таква вест од блиски луѓе, со помисла дека и јас ќе дочекам тогаш кога ќе дојде моето време. @ButterflyBaby никако не се обвинувај себе, насочи ги мислите на позитивно дека и тебе тоа те чека во своето време. Од мое искуство се борев со стерилитет годините кога ми беше најтешко во животот, години поминати во стресови ( во различни полиња) Кога се си дојде на свое место колку толку кога се спласна јас имав и успешно инвитро еве ја терам 25 недела. Сега кога се враќам назад си викам, Па да сум останела бремена предходно, во тие стресови јас ќе сум имала и нездрава и стресна бременост. Затоа велам со верба во бога, сила и храброст сите ќе успееме. Патот не е лесен и е многу нормално понекогаш и психички да паднеме. Јас од срце ти посакувам многу среќа
Здраво девојки Дали некоја од вас скоро има поднесувано документи за втор ваучер Едно неуспешно ИВФ,првиот го добивме без имсеминаци со машки фактор со спермограм помал од 3,5 м Дали да ги поднесамисто како претходниот пат нормално обновени и извештајот од ивф и негативната бета др нешто треба?
Пред две недели поднесов за прв ваучер. Подолу документи: 1. административната документација: • Предлог за БПО од гинеколог; • Барање за БПО; • Изјава за БПО; • Податок за брачна состојба (копија од извод на венчани или изјава заверена на нотар за вонбрачна состојба); • Копија од лични карти 2.медицинска документација: За жената: • Ултразвучен преглед со 2D на овариуми и 3D за утврдување на морфологија на утерусот, не постар од 6 месеци; • Метода за иследување на проодност на тубите и кавумот на утерусот извештај од извршени: ХСГ , ХСЦ (хистероскопија), ЛПСЦ (лапароскопија) или лапаротомија; • Анализа на хормонски статус од 3-5 ден на менструалниот циклус: FSH, LH, PRL, E2, TSH, не постари од 6 месеци; • PAP тест (не постар од 1 година); • Микробиолошки брисеви од вагина и цервикс, брис за Chlamidia trachomatis, брис за Mycoplasma/Ureaplasma, не постари од 6 месеци; • Крвна слика, гликемија, седиментација, не постари од 6 месеци; • Серолошки анализи за Hepatit B i C, HIV не постари од 1 година. • Отпусни писма и лекарски извештаи од претходни операции и здравствени состојби кај жената (доколку има). За мажот: • 2 спермограми, со растојание од најмалку 3 месеци, а последниот не постар од 6 месеци; • 4 ИУИ(најмалку 2 месеци помеѓу инсеминациите,) , со исклучок на паровите каде постојат апсолутни индикации за лекување со БПО (намалена подвижност, а мислам дека и ако има нормално спермограм со дна фрагментација не се потребни ИУИ) • Серолошки анализи за Hepatit B i C, HIV не постари од 1 година Дополнителни, колку што читав за втор треба извештај од трансферот и бета..
Ти благодарам мила ,се мислам дали овое да хо приложам или да направам пак за fsh се мислам да не ме вратат да правам АМХ а тој ми е 0,91
Мила, немам искуство дали би правеле проблем за FSH. Колку што читав на 2 ден од циклус се добивале подобри вредности..
За втор ваучер се истите док, со таа разлика што ти треба еден спермограм, извештајот од претходното неуспешно ивф, а не ти требаат други лекарски извештаи или отпусни писма ниту инсеминации, вие секако ни за прв пат не сте правеле. 2д/3д ке ти треба нов, а ХСГ нема да правиш ново, копија од тој стариот извештај ке си поднесеш
Здраво се јавив систина имам еден ембрион 10 клеточен нз каков е тој квалитет, би сакала совет да го префрлам во Ну Борн таму не сум правела трансфер кај Трајковски Дали е тоа добар квалитет или да почнам од почеток со постапката
Dali se uspesni inv kaj poteski slucai kako mene imam uste edeno bebce zamrznato,, iskustva ako mozit...
Не треба 4д, а доколку немаме лапароскопија или хистероскопија, бараат ХСГ, нз дали има временски ограничувања.
Поради висок фсх ќе ти побараат амх, мене фсх ми беше на граница 11.1 мислам, ама поради висок Е2 ми побараа амх.
Девојки, Дали имате нформации дали фондот ќе ги прегледува документите за ваучер оваа недела и ако да, кога?