Боледување од општ лекар можеш да земеш… Види пак прашај во Плодност, ама не ми се верува да дозволат матичен да те следи. Таше лом ме правеше кога носев резултати од друга лабараторија, а не ова…
Јас правев ивф во Солун и најчесто идев на еден ден кога имаше потреба, нема потреба од седење на подолго време. Мора да идеш таму за пункција и трансфер се разбира, ама кога се следат фоликулите ако не можеш да отидеш до таму, можеш да го направиш ехото кај матичната и да му испратиш потоа слики на докторот за да ти каже што понатаму. Нас докторот во Солун сам ни го понуди тоа како опција да не се малтретираме да патуваме и за фоликометриите. Најдобро советувај се со докторот што би те видел во Плодност.
Jas pravev tamu i patuvav na sekoj pregled,ne se odi sekoj den,odis na 2 den ti dava terapija za 5 dena,i posle toa ti kazuva kako,prasaj slobodno sto drugo te interesira
Сакав да ти пишам, но не знаев како ќе ме разберат останатите членки. Немој да ја бараш причината во себе. Можеби едноставно требала и самата докторка да ти го одложи стимулирањето, затоа што на трети ден од добиено се бројат антралните фоликули кои после со стимулација растат,тебе едноставно циклусот не ти се погодил. Еве јас на пример, првото ин витро го правев во Плодност, Таше ме откорна од инекции само една извади јајце клетка што не се оплоди, да не пишувам и штоми зборуваше а тогаш бев помлада. После сменив кај Митко он вадеше по пет, а во Солун кога и успеав имав по 9 на 42 години. Мене ме нервира фактот што секогаш пациентките си ја бараат грешката во себе, а никој не се запрашал, поготово не господата доктори колку они самите придонеле да биде успешно ин витрото. Ти посакувам среќа следниот пат!
mene maticnata mi otvori boleduvanje, posle pozitiven test so konzulijarno mislenje odam na komisija i mi go prodolzuvaat boleduvanjeto
Секако ќе одам на консултација, имам и многу други прашања меѓутоа сакав некоја претстава да имам како би можела да го изведам тоа. Фала на одговорот
Да, ама и тие одења преку два дена треба да ги оправда, во неделата може ќе и се фати 3 пати да треба да отиде, се’ тоа мора да се оправда на работа. Затоа некои земаат стан и седат таму цела недела, сепак Битола не е блиску, некој од Делчево сигурно нема да патува Затоа боледување од општ матичен, ниту да објаснуваш зашто треба да отсуствуваш преку еден ден ниту да се замараш.
Тоа секако дека постојат опциии за боледување / земање слободни денови и за изнајмување стан за да не се патува и се скроз легитимни. Јас чисто споделив мое слично искуство како алтернативна опција. Секако секој ќе прави како смета дека е најдобро и најисплатливо. Муабетот ми беше дека чим во странство се океј фоликометриите да се прават во својот град, да се дојде после само за пункција, би требало и кај нас да може таа опција. Не е исто дали ке изнајмиш стан за 2 недели или ќе отидеш 2 пати на еден ден. Плус Македонија е мала и да е од Делчево до Битола тоа е 3 саати пат во правец. Толку е и патот до Солун, на мене и на сопругот не ни беше проблем. Пак ќе повторам секој си проценува како највеќе му одговара, убаво е што тука може да си размениме различни искуства и мислења што на друг може да му помогнат
Јас мислам дека многу важен е и ембриологот во целава ситуација. Мислам дека треба да бидат по ажурни во целава постапка и да бараат солуции,а не само да креваат рамења со изговор: се случува. Даваме грдни пари и заслужуваме барем образложение. Гинекологот ли да го замарам за ембрионите? Не зборувам за сите ембриолози,секоја чест на исклучоци.
Се е важно за успех. Гинекологот треба да ти каже дали ти е добар циклусот, како што пиша членката, кај неа уште на првата фоликулометрија имало 2 јајце клетки. Во странство ќе размислат дали ќе те стимулираат, овде гајле си немаат. И искрено јас се сомневам во знаењето на ембриолозите а и во условите на самите лабаратории. Кој им прави контрола на нивното работење?! Во ЕУ земји,секој месец им доаѓаат во контрола, затоа има и веродостојни статистики за успех/неуспех и друго во странство имаш факултети, субспецијализации на тема ембриологија, овде нема такво нешто. Ова е мое мислење, што не значи дека сум во право.
Бело брашно воопшто не јадам.Исто и благо. Од месо гледам да е само пилешко,а може и телешко.За тие што сме со ивф препорачливо е храна со низок гликемиски индекс т.е храна со малку шеќери што нема да направи нагол скок на шеќерот во крвта туку ќе го одржува шеќерот во оптимални граници постојано. Препорачлива е медитеранската исхрана која вклучува зеленчук (компир и ориз да се избегнува), овошје со низок гликемиски индекс (црвеното овошје е најдобро),месо (пилешко) и многу риба. Симни ја книгата It all starts with egg има таму добри совети. Ако не ти е јасно нешто можеш да ми пишеш во порака.
Точно. Никој не им прави контрола. Не даваат ниту извештај за ембрионите (овде не го рачунам извештајот за трансфер од гинекологот кај што е кратко спомнато). Што и да се случи,никому ништо.Не се оплоди,не преживеа одмрзнување,се случува….Кој знае што се случува. Не сакам да бидам негативна и скептик за сите кои се во постапка,само не треба да бидеме толку наивни.
Секако, колку повеќе искуства толку подобро, па секој сам нека си одлучи како ќе прави. Јас инсеминации правев во Плодност и патував цела недела, имаше парови што остануваа, кој како смета дека е правилно така. А Делчево- Битола далеку дека е 3 часа, многу повеќе е, лош е патот така го лупнав Делчево дека мн далеку ми е. Плетвар додека го искачиш.. а и цело време нешто прават на патот… Затоа и многу одат претежно во Скопје дека е поблиску. Ама мака на се’ ќе те натера и секаде ќе пробаш. Инаку да, понормално е некогаш и кај матичен да правиш фоликулометрија, ама знаејќи го Таше, затоа реков не ми се верува да дозволи.
Пилешко најлошо, освен ако не е домашно. Од пилешко подобра опција е секогаш мисиркино. Кога веќе се препорачува "почиста" храна и ако внимавате, од пилети не ти требаат хормоните
Добар ден дали може некој совет некој со позитивно успешно инвитро...денеска втор ден од трансфер 2ембриончиња...болки ви кичма и стомак како пред добивање во менструални болки...јајниците ми игра нешто како мускул...болки во градите...инаку ми е прво инвитро....позз и благодарам
Eve jas na primer sum od gevgelija kaj tase odev na sekoj cetvrt den.vo bitola ostanav samo edna vecer pred punkcija.site pregledi kaj nego gi pravev.a bidejki bev na privatno pred invitro site ispituvanja sto gi pravev mi vazea.ne me terase na novo kaj niv da pravam.osven za mazot mi sto pravese spermogram kaj niv.nitu ednas ne otsutvuvav od rabota kaj mene se pogodi sto rabotam vo smeni pa nemav potreba od ostvustvo od rabota.boleduvanje zedov posle transferot.
Nema potreba od prestoj. Samo treba da se spremis deka vo toj period ke treba da zemas slobodni denovi. Neznam od kaj si ama nema doktorot poveke od 5min rabota so tebe nema, I 1 cas da gi pocekas analizite. Osven za punkcija ili transfer ako ti zakaze mnogu rano pa da odis od vecerta da prenokite vo nekoi smestaj .