Рецептата за клексани од матичниот гинеколог позади ја пополнуваш со датуми секој ден кога ги примаш и ставаш потпис,ја носиш кај матичниот гинеколог да ти ја завери и заедно со фискалната сметка и фактурата од аптека и извештајот од трансфузиолог ги доставуваш во фондот со твојот број на трансакциска сметка.
Ве молам за информација, доколку не го искористам ваучерот во рок од 6 месеци. Како да постапам за да не ми пропадне во смисла дали можам да пишам писмо до Фондот за пролонгирање на рокот за да го искористам? Или немаме таква опција за пролонгирање на рокот за користење?
Каква рецепта од клексани,клексан се боцкаш дома сама нети треба никакви рецепти.Извештај од трансфузиолог,потврда од матичен гинеколог за примени клексани од и до датум,копија од трансакциска сметка,сметка со сметкопотврда о копии од истите.
На рецепта ми ги пиша матичниот ама во аптека не ми ја земаа и позади си ги пишував датумите кога се боцкав и се потпишував и таа ми ја завери матичната. Она така ми рече,не ми текнало мене така
Тоа што така ти запишала твојата матична незначи дека така се рефундираат клексани.Пишав погоре што треба за рефундација
Рецепта од матичната позади со датуми и јас носев,тоа е исто како потврда што си ја имала ти. Некој на рецепта,некој на обичен лист. Како и да е,важно да ги рефундираат.
Пишав зошто во фонд за рефундација на клексани небараат рецепта.Потврда мора од матичен гинеколог дека се примени клексаните.Пишав зошти ке има збунки ке мислат и дека тоа го бараат во фонд и дека мора така.Друго е лично за себе рецепта и башка клексаните сите се боцкаме дома.
Девојки пред 10 дена примив декапептил (20ти ден од циклус) со долг протокол сум. Пред два дена требаше да добијам, но сеуште нема ништо. Дали се случило на некоја да и доцни вака? Добре дојде стресу а сеуште не сме почнале ни со стимулации хахаха Иначе не се случувало да ми доцни, може само еден ден и толку
Јас додека чекав за трансфер,сестрата на мојот доктор му кажа дека и се јавила негова пациентка и и кажала дека откога почнала со декапептил или бусерлин не памтам што точно и задоцнило и направила тест позитивен бил. Имав и тука на форумот прочитано такво нешто во стари постови. Тогаш сфатив дека се е можно. И докторот баш рече: Ете,се случува Направи си одма едно тестче без големи очекувања и дај Боже да се изненадиш со две цртки
Zdravo zenicki, za da mozes da apliciras za vtoro invitro treba da pominat 6meseci otkako imas pocnato invitro procedura ili 6meseci otkoga go imas napraveno invitroto odnosnl imas dobieno negativen test?
Здраво девојки имам две успешни ин витра правени во Систина.Имам две ќерки 5 год и 9 месеци.Втората ми е со замрзнати ембриони.Имаме уште 3 замрзнати ембриони.Ме интересира што се случува со останатите ембриони,дали ги уништуват,бидејќи никој ми се нема јавено од болница,да праша дали сакам да продолжам да ги чувам.Замрзнати се од 2019.
Како не ви се јавиле од 2019та? Во документот што го потпишувате кога замрзнувате пишува дека во цената што ја плаќате ви спаѓа една година замрзнување,а после се доплаќа еднаш годишно,ако не платите се уништуваат. Јави се прашај ама чисто сумљам дека би ви ги чувале без пари 5 години. Друга работа што е нејасна викаш дека имаш бебче 9 месеци,што значи дека пред 18 месеци сте правеле ивф (ако е со тие ембриони од 2019та) и до пред година ипол ви ги чувале. Распрашај се да не имате платено нешто а да не знаете затоа што сестро златна,во Систина добро утро не викаат за без пари а не па ембриони да ти чуваат толку време без пари.
До сега плакав секоја година,за оваа година не ми е платено.Претходно ми се јавуваа да ме прашат дали сакам да ги чувам.
Девојки колку ви бил естрадиолот пред пункција, а да при пункција имало само празни фоликули? Дали најчесто индикација за празен фоликул е ако е низок естрадиолот , или тоа нема врска?