Мене докторот ми рече или Микрогинон или Јасмин. Земав Микрогинон.Ги имам пиено повеќе пати и не сум имала никакви нус појави.Порано ги пиев оние Диане 35 се утепував од плачење секој ден,мислам се мрднав од паметот Пиј ги Микрогинон и не читај упатства
Конечно го добив ваучерот и од денес почнувам со микрогинон, јееееее Сестрата ми рече на 16 ден да одам на преглед и ќе ми кажат што понатаму. Од ова што читам тука дали примањето на микрогинон значи дека ќе бидам на долг протокол? Ако може некоја да ми ја објасни разликата помеѓу краток и долг? Pleaseee!! Многу сум возбудена
Дали од микрогинон се зголемува крварењето? Ми каснеше 2 дена, кренав едно детенце, и следен ден добив. ..Се уфилмав дека поради тоа прокрварев. Направив тест беше негативен. Направив и денес на втор ден од циклус пак беше негативен. Испив апчето, и еве сега појачано крварење имам, дали е нормално или јас нешто утнав работа ... Да не ми каснеше да сум останала бремена а јас почнав со микрогинон ...памет немам
Мислам дека кревањето на детенцето нема врска со тоа што си добила,најверојатно се поклопило. За да не се вадиш од памет и да не правиш секој ден тестови појди си кај гинеколог чисто едно ехо направи да се успокоиш и да не се оптеретуваш. Од контрацептивите обично е пооскуден циклусот,но во медицината еден и еден не е два.Тежок пат минеме и за се едно нешто се вадиме од памет,не ме прашувај како знам
Со долг протокол кога ќе добиеш циклус почнуваш со контрацептив,па со инекции да ги ставиш на “оff” јајниците и од следниот циклус почнуваш со стимулации. А со краток протокол иде побрзо работата,добиваш циклус и почнуваш со стимулации. Докторот одлучува со кој протокол ќе одиш во зависност од дијагнозата,клиничката слика,возраста итн…Јас само еднаш имам правено ивф и тоа со долг протокол,ако нешто грешам нека ме поправи некој.Среќно П.С Да,микрогинон значи дека ќе одите со долг протокол.
Докторот одредува со каков протокол ќе бидеш. Јас пиев Микрогинон и бев со краток протокол, почнав од втор ден од циклус со Кломифен и Естрофем, од трет ден се боцкав со Мериоферт, на крај ми вклучија Цетротид, и Овитрел пред пункција. Среќно.
Се јавив кај сестрата , докторот е на одмор,ми рече можеби се работело за биохемиска бременост ама бидејќи веќе крварам од тоа ништо и да си продолжам со микрогинонот требало тест преку крв да направам, овие со урина не покажувале биохемиска толку рано
Јас имав биохемиска.Мене ми покажаваше тестот бледа црта и по два дена крварење и полека обледуваше па на трет ден веќе ја немаше се дури не се исчити хормонот
Ne mora da znaci deka ako se pie Mikroginon e se dolg protokol. Imam praveno invitro i so dolg i so kratok protokol i vo dvata slucai piev mikroginon
Дали јас ја утнав работава или само по себе...ако јас згрешив со микрогинонот? Можеби прокрварев од тешко што кренав или биохемиска не успева?
Значи кога ќе одам на преглед на 16ти ден најверојатно ќе ми каже докторот со каков протокол планира да тераме. Инаку јас имам една фоликуларна циста која претходниот циклус матичната ми кажа дека ја имам. Ама бидејќи сестра Сашка само по телефон ми кажа да почнам со микрогинон, сега ми текна дека не и спомнав ништо за цистата, може не требало да почнам со микрогинонот
Можеби не си била ни бремена,можеби ти каснел циклусот од терапијата.Немој да си правиш стресови.Не верувам од кревањето дека има нешто,кај биохемиска и без кревање и кревање ќе се случи.
Пиши и и прашај ја. И мене преку телефон ми кажа да пијам Микрогинон, кога закажуваат термин. Кога се видов со докторот, ги виде сите испитувања, ме виде на ехо, и ми кажа со каков протокол ќе бидам.
Каде точно кај црвен крст се поднесуваат сега ако може некој да ми објасни и од колку точно работат дали се од 7 до 3?подобро од ссбајле да се иде за оставање или да не нема уште никој некој искуство што носел брзо сега
Мислам дека беше канцеларија бр 18, само што ќе влезеш од лева страна се качуваш по скали. Прашај ги тие од обезбедување ќе ти кажат. Работат до 15:30, барем мене така ми кажаа. Јас ги доставив во 14:40! Со среќа
https://maps.app.goo.gl/b4XYdHdoCQMDWfHk8 Јас ги носев кај 10:00 h, и немаше гужва. На влезот, ќе ве упатат во која соба да одите.(мислам дека беше бр.18.) Со среќа!
Немав никаква терапија бев на одмор и после одмор, кога ме виде на ехо бев 5 дена пред добивање рече мислам нема да добиеш има знаци на почеток на бременост, природно... ние со збунети, рече даа, не гледам зошто да не , и ко за беља и ми каснеше ...затоа сум цела со прашалници...тестовите беа негстивни, јас си почнав со микрогинонот и се деси што се деси... одиме понатаму. Следен пат ќе барам детално инстртукции што да правам за да не утнеме работа.Не сум медицинско лице и освен вас на форумов, немам со кого да разговарам на оваа тема затоа што сопругот одлучи целиот процес да биде меѓу мене и него и докторот...и морам да почитувам