Jaс поднесов пред 1 недела. Кога влегуваш вртиш лево и се качуваш по скалите нагоре, штом ќе ги искачиш има една врата и скалички дрвени надоле. Јас колку што ме држи паметот е соба бр.8 кај Бранка. Најубаво појди си пред 15ч, бидејќи државна институција е, знаат и порано да си заминат од работа, јас ги носев од сабајле.
Не мислам дека има причина за загриженост поради доцнење од два дена... Исто така, не мислам дека може да се види почетокот на бременост пред 5та или 6та недели... Единственото нешто што може да се види е задебелен ендометриум, кој, секако, се создава и пред почетокот на нов циклус. Со тоа што твоите тестови биле негативни, според мое мислење, не се работи ни за биохемиска бременост, туку само за кратко доцнење на циклусот поради промените. Еве кај мене од кога почнав со испитувањата за ИВФ, се сум со неколку дена подоцна или порано. Со среќа!
Ti blagodaram na odgovorot mila A moze da mi kazes od prilika kolku dena trae postapkata, t.e kratkiot i dolgiot protokol?
На 7ми мај сум почнала со Микрогинон,а на 14ти јуни ми беше трансферот.Значи околу 5 недели од почеток до крај. А за краток протокол не знам.
Искрено не ми е јасно како може да се види рана бременост 5 дена пред добивање. Гинеколози што ми имаат кажувано е дека прв ехо преглед се прави најрано 2 недели од позитивен тест и дека пред тоа не може да се види ништо. Е сеа твојот доктор ако видел нешто што ние не знаеме,тоа е друго.
Кај секој различно, докторот ти следи фоликули и гледа како растат. Јас со краток протокол почнав да се боцкам со мериоферт на 9-ти Декември, на 24-ти Декември имав пункција. На природен циклус бев без стимулации, докторот почна да ми следи фоликули од 8-ми ден од циклус, почнав негде 9-10 ти Јануари, а пункцијата ми беше на 16-ти Февруари. Се зависи фоликулите како растат и како се здебелува ендометриумот.
Јас од др.Трајковски сум многу задоволна од поглед на посветеност и достапност. И ден денес достапен ми е за консултација во бременоста. Јас сум со низок амх и секое ивф ни беше поразлично од претходното, навистина докторот многу обрна внимание во постапката. Кај Др. Гуржанова мислам дека бев два пати, кога докторот беше отсутен, но ми остави многу добар впечаток. Нежна и посветена е. Ова е мое лично искуство.
Он убаво си кажа медицински, ама јас збунета не запамтив, па не знам да ви пренесам ...рано е 5 дена пред добивање и те како да се види било што. Затоа он не потврди, ние многу брзо се израдувавме на претпоставката на докторот. Се поклопи со каснењето. Тоа е што е, сега одиме понатака.Вие ми објаснивте , се слушнав со сестрата и се враќаме во реалноста.СИ плачев малку, ама оваа борба не е од сега туку е повеќе од 10 години и не се откажувам додека не станеме родители.
А чекај, ти не започна ивф постапка? Јас така те имав разбрано уште пред некој месец дека си почнала кај др. Трајковски. Или сум се збунила нешто?
Да, штом го земавме ваучерот отидовме кај него, ама дури сега почнавме со терапија.Поточно со микрогинон, па закажано имам после испиениве 14 апчиња повторно ехо... Комплициран случај сум јас.
Zdravo, pravev invitro min. Ponedelnik znaci negde 7 den. Me boli se zivo polovina, noze, jajnici. Ima li nadez deka nesto ke bide? Nekoe iskustvo
За хормони секогаш сум одела рано сабајле, ми давале совет да не биде повеќе од еден час од кога ќе станам од кревет , да немам некоја поголема физичка активност како трчање и сл ...и стрес нервоза исто не.Така што јас сум одела рано наутро, бројче земам меѓу првите и одма завршував работа .Значи и гладна сум била само пијам чаша вода пред било какво боцкање тешко ми наоѓаат вена.
Не на 5 дена пред добивање, туку кога ќе се утврди бременост, пр. 5та недела. Барем кај мене така беше. Рано беше за срцева реакција, но се гледаше сакусче, топченце.
Ендометриумот се задебелува и пред циклус,те гледал пред циклус и незнам како може како доктор тас глупост даја каже.Тестови негативни а ти викаш си имала биохемиска.Неможе да биде биохемиска без позотивен тест,а не со твоите негативни тестови.Ти каснел циклусот затоа што си била на одмор.И малце едукација повеке.