Јас останав бремена со едно 3 дневно ембрионче, еве 6ти месец сум. Исто, проблемот беше се ДНК фрагментација и фала му на Господ имавме барем 1 оплодено, на крај и тоа излезе успешно И јас после трансфер бев мн разочарана и убедена дека ништо нема да биде, ама кога сака биднува. Нека е со среќа и да не израдуваш!
Имав 2 неуспешни друго се во ред испитав уште ова не сме па во мисла сум дека не се добри ембрионите а последно ми е замрзнато
Јас кога поднесов ми кажаа дека очекуваат од септември да почнат со комисии. А од кога поднесов додека го земав ваучерот се одржале 3 комисии (случајно дознав). Затоа јави се и прашај, може и ти имаш среќа
Кај Др Поповиќ во Систина. Презадоволна сум од него, сестрата и колку беа позитивни и секогаш на располагање. Нека е со среќа на сите и што побргу да го добиете тоа што најмногу го посакувате.
Ако може да споделиш што ви кажаа во врска со ДНК фрагментацијата? На сперма така? Во смисла дека другите ембриони не се добри,само тој еден бил добар? Те прашувам зошто и кај нас имаше ДНК фрагментација,ми вратија два тридневни ембриони и неуспешно. Имам само еден петдневен замрзнат. Не сум се видела со докторот после ивфто за да поразговарам.
Никој ништо не ни кажа за тоа, само коментираа за спермограмот дека не е толку лош. Днк фрагментација испитавме уште на самиот почеток и после сета терапија и апчиња никој не рече пак да испитаме. Јас сама читав по интернет и истражував, па се плашев дека е опасно што е над 30%, а и на првото ИВФ (кај др доктор) немавме оплодување. За второто многу бев под стрес и постојано му зборев на докторот дека се плашам дека пак ќе нема оплодување и да ги замоли ембриолозите да направат се што можат… колку и да ми звучи смешно сега, тогаш тоа ми беше најголем страв. Ти барем си имала повеќе оплодени, ете си имаш и 5 дневно ембрионче. Овде стварно нема некои строги правила, не се знае како ќе се заврши. Радувај се што веднаш ќе си имаш трансфер, биди позитивна и не губи надеж.
Значи сума сумарум: не се битни бројки,кога сака да биде,ќе биде! Нека ти е со лесно до крај,уживај и радувај се!
Според моето мислење, тестот за ДНК фрагментација на сперма треба да се препорачува пред почетокот на IVF постапката за да се утврди квалитетот на спермата и да се види дали се потребни дополнителни методи за зголемување на шансите за успешна фертилизација и развој на ембрионите. (Пр. MACS методата) За да се провери дали ембрионот е добар, мислам дека единствена опција е PGD (предимплантациона генетска дијагностика). Овој тест може да помогне да се утврди генетскиот квалитет на ембрионот. Дополнително, би ти препорачала пред трансферот да ги провериш антителата и мутациите ( можеби тие веќе ти се проверени). Ти посакувам ова ембрионче да биде вашата среќа!
И мислам дека е грешка што не го препорачуваат испитувањето ДНК фрагментација како задолжително пред ИВФ. Ние сме со одличен спермограм,се во референтни вредности и од нигде никаде шок не удри кога ни кажаа фрагментација.Значи може и при одличен спермограм да се јави фрагментација.
@hub Најчесто, колку што читав низ форумот, одобрување трае до 2 месеци, вклучувајќи го и времето потребно за да се добие одговорот по пошта. Јас, на пример, ги носев документите сама и прашував за статусот, и ја земав одлуката после месец и една недела. Сепак, ако побараат дополнување на документите, може да трае многу подолго. Јас аплицирав на 14.06 и сè уште не можам да ги докомплетирам документите. (Ми побараа дополнителна Инсиминација). Имаме дијагноза на машки фактор, што требаше да овозможи одобрување на ваучерот без потреба од инсеминации, а дополнително имам и тубално потекло со еден затворен јајцевод.
Се согласувам дека треба да е задолжителното испитување. Секако, ако би знаеле дека постои висока ДНА фрагментација, би ја користеле методата за сортирање на сперматозоидите. Сметам дека ваучерите треба да се одобруваат без инсеминации за пациенти со висок процент на ДНК фрагментација. Исто така, би сакала да укажуваат на комплет испитувања, така што ќе можеме сами да одлучеме што да тестираме, секако со препорака и на докторите, наместо да мораме сами да ги бараме тестовите.
Dali ima nekoj konkretno info za popustite vo Sistina? Sto opfaka popustot za invitro postapkata i sto podrazbira uspesna postapka za da se dobie popust? Dali se odnesuva i na prethodno napraveno invitro, pa sega na primer se pravi vtoro invitro za da se dobie popust?