Девојки,совет и искуство од вас после колку месеци од неуспешен трансфер со свежи ембриони да направам трансфер со замрзнат ембрион? Знам дека е лична одлука,но поминаа скоро два ипол месеци од неуспешен трансфер со свежи и некако ептен се опуштив и не сум психички спремна уште. Има ли врска колку време поминало? Влијае ли на успехот?
Ти како се чувствуваш , дали си пред се психички спремна да почнеш нова постапка. Но одмори го телото барем уште месец, два, сепак и тоа треба да се исчисти од хормоните. Во меѓувреме релаксирај се колку можеш со некоја активност...јас еве и по цела година уште одмарам...
браво баш брзо а на адреса дома ви стигна писмото така? И од денот на прием на писмото се рачунаше 6 месеци така?
Мене на адреса ми стигна. Ама ми бараа дополнителни документи да доставам, и тогаш си го подигнав од фондот. Важи 6 месеци откако ти е одобрен ваучерот.
Не, ги замолив да ми се јават кога ќе биде одобрено, ми рекоа не се во можност тоа да го направат поради одмориве, ама најдов една познаничка што работи таму и некако успеала на нејзе да и кажат дека ми е готов, па она ми се јави и ми кажа.
а да не знаете кај црвен крст у близина дали има копир негде лична карта изумив да ископирам… може е попрактично да се отвори една тема ивф ваучер, за полесно пратење. Фала за брзи одговори
Јас после првиот трансфер до свеж ембрион завршив со блајтед и морав да се чистам , по што ми препорача др. Да одмарам 3-4 месеци задолжително, што и сметам дека е сосема океј бидејки телото и на еден и на друг начин претрпува многу промени и му треба време да се регенерира. Јас направив тогаш кога се осетив спремна физички и психички, а тоа беше 7 месеци после абортусот, поточно трансферот со замрзнати 2 емриона ми беше денес. Ти препорачувам да си го одмориш телото и душата и кога ќе осетиш дека е право време-тогаш, се е одлука, ама да избрзаш кога не си психички спремна може тука да влијае неуспешно. Ти посакувам што побрзо да се опоравиш и да продолжиш посилна
Имаа и кај Мајка Тереза, ама мене веднаш ме прашаа дали имам копии направено, ќе ми требале за мене и за ивф докторот, ако немам да сум одела да фотокопирам, јас среќа имав. Ми фотокопираа само тоа бројче ли што ли беше не знам, да си го имам за мене за ваучерот.
Аха мислиш на џел сет документи комплет копија за нас да си имаме така ти рекле, да јас планирав секако од некои документи да направам ама и од сите може подобро фала. А дали треба да се наредени под редослед како што пипуба и одма ли проберубаат дали нешто ти фали или отпосле? И уште едно прашање копија од извод и од венчани и од прво дете треба не постара од 6 или?
За прво дете не знам дали треба не постар од 6 месеци, ама извод од венчани може и постар. Јас си направив копии и за мене и за ивф докторот. А за по редослед дали да се наредат нема врска, мене сите ми ги испомешаа. Мене ми беа наредени по мој редослед, пример прво моите, па на мм. Си ги наредив по мое како ми е полесно. Па гледаа дали имам се што е потребно, ама потоа ми побараа дополнителни документи поради висок естрадиол. И тироиден статус дека им доставив со тсх 0.24. Потоа тсх ми беше во ред, тоа сигурно некоја грешка беше.
Здраво девојки, Дали во скоро време некоја има правено ИВФ на приватно и колку пари ја фатило целиот процес? И мислење за ИВФ во Санте Плус
На природен циклус 28000 пункција без анестезија, 69000 оплодување и трансфер во Систина. Плус имаш стимулација и стоп инекција. Сримулациите се многу скапи и зависно со каков протокол ќе те води докторот.Потоа имаш и терапија 2 недели после трансфер. Се на се, грубо пресметано 3500 евра сигурно одат. Секако се зависи од стимулациите, може да биде и поевтино, може и поскапо да фати.
Дали има некој вратено 3 ембриони на трансвер и каков бил исходот. Ако не вие лично дали познавате вакви случаи?
На сајтот на ФЗО не е наведено дека треба изводот да биде не постар од 6 месеци, како што не е наведено дека бараат копии од лични карти. Јас доставив копија од многу стар извод од венчани, уствари само тој и го имам, кога се зедовме што го извадив пред 9 години
Не е наведено дека бараат копии од лични карти, ама барале, јас мислам тоа не ми побараа, си направив за секој случај копии, не ми текнува како беше. И јас тој извод од венчани го копирав од венчавката што беше, и тоа не знам дали им доставив зошто гледам дома ми се копиите, ама секако треба и тоа.
Meне жената таму што работи - Бранка, пред да ми ги прегледа документите, праша дали имам копии од извод на венчани и лични карти, реков имам. За личните карти се информирав од форумов, инаку ќе морав да трчам до некоја фотокопирница или во најлош можен случај да ги имавме со сопругот заборавено дома....