Одговорот ми е најкултурен и најпаметен!!!!!! Праша дали треба документи за сопругот. Ти одговорив!!! Да треба. И најкултурно ти кажав дека ваучер за трансфер не постои!!!!! А ти ако не си упатена, прочитај и цени некој кој посветил време да ти даде НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ!!!!!
@Simona❤️❤️❤️ Од оваа година ваучерите се одобруваат за стандарден протокол(IVF/ICSI) или за ембриотрансфер. https://fzo.org.mk/240118-fondot-donese-nov-pravilnik-za-biomedicinsko-potpomognato-oploduvane Во правилникот за БПО од 2024 година, на страница 13, е наведен протокол за ембриотрансфер со криопрезервирани ембриони.
Тоа не знам дали треба да се чека јас сега ги собрав сите документи и само документот од систина да го земам дека имам замрзнати ембриони и да ги поднесам во фонд за цела постапка се истите документи без потврдата од клиниката со замрзнати сите документи плус потврдата можеш слободно да се јавиш во фондот ке ти објаснат или во клиниката каде ти се замрзнати ембрионоте и тие можат да ти објаснат
Zdravo, jas imam prasanje.Dodeka sobirav dokumenti za vaucer neli ispituvame se brisevi, pap ...i za podnesuvanje neli ne treba da se postari od 6 meseci...Ama eve primer pred da pominat 6 meseci od istek na bris , podnesuvas. pa cekas uste 2 meseci odobruvanje, pa eve uste 1 mesec dodeka pocne procesot ...pocnuvate stimulacii...Prasanjeto mi e dali povtoruvate mikrobioloski brisevi pred postapka bidejki pominuva mnogu vreme od poslednite ispituvanja? Kako sme zastiteni od nesakani infekcii pri ivf. Slusnav moze da vi napravi sterilitet za cel zivot ili gresna informacija ? Izvinte za dolgiot post
Па сама се штитиш никој друг освен ти и твојот сопруг не може да ве заштити.А при ифв да можни се инфекции при пункција или при трансфер ама тоа јасно го кажуваат и затоа даваат и антибиотик.Веруваме дека е се стерилно
Фала ти за оваа нова имформација, само ке прашам сигурно имаат период за повторно поднесување на целосен ваучер доколку трансферот е неуспешен Доколку некоја членка побрзо дознае нека пиши, од ох сум нема да можам да доагам за прашање а знаеме телефонски колку де брзи хххх
Мислам дека периодот е ист – најмалку 6 месеци по неуспешен трансфер. Само за да нема недоразбирања, бројот на одобрени ваучери останува ист (3 за прво, 3 за второ и 3 за трето дете). Разликата е во тоа што, доколку добиеш ваучер за цела постапка, а ти е потребен само за трансфер, нема да можеш да го искористиш во болницата. Колку што се сеќавам @Лалина спомна дека не и го прифатиле ваучерот што бил одобрен за цела постапка, бидејќи и требало само за трансфер.
Да точно, дома ми е ваучерот Ние плативме трансфер на приватно, затоа што по грешка јас си извадив ваучер за цела постапка како првиот пат и кога го однесов ми рекоа за трансфер со замрзнати не важи, ова беше сега на почетоков на годинава кога имаа некоја паника со нов правилник и ние за да не се одложи работата рековме ќе пробаме на приватно да си платиме. Да не има некоја промена, најубаво да се јавиш директно во клиниката или некој потазе да каже искуство, штета јас не ни бев свесна дека постојат повеќе видови ваучери во тој момент не се информирав, но се испадна како што треба, па не ми е жал
Феминки скокна мојов естрадол по совет на докторот испитав денес пак и естрадолот ми е 1705. Во понеделникот ми беше 800 се боцкав уште 2 дена со фестимон и денес пораснал. Мене друго ме буни ми рече да испитам и прогестерон. Прогестеронот ми е 0,628 ок е тоа ? Ве молам за одговор
Здраво, прашувам за другарка. Имам другарка која што има замрзнато ембрион. Треба да направи периодов трансфер. Некаде по групуве прочитавме дека од ФЗО има ваучер за трансфер од замрзнат ембрион. Дали има некој искуство? Во ФЗО не можеме да ги добиеме, на веб страната не можеме ништо да најдеме. Тоа е наводно нешто ново, од годинава е изгласано и донесено. Ви благодарам.
Дечки има абер некој од измените во законот за БПО за право на 6 ваучери? Уште се во собраниска расправа?
Фала ти на инфо, во меѓувреме се снајдов и јас со одговор и точно постои ваучер само за трансфер директно прашав и не треба ништо за сопругот Плус да се надоврзам за тие што не се информирани, порано беше првото дете треба да има минимум 18месеци за да поднесеш за ваучер сега е 12месеци со новите измени.
Здраво на сите, нова сум тука се припремам за ин витро постапка, живееме во Германија и тука ќе ја правам. Претходно имам два спонтани абортуси ( при природно останата бремена) и после тоа 3 неуспешни инсеминации, и скоро ќе полнам 36 години. Сакам да ве прашам тие веќе што сте правеле ин витро, како се носи одлуката колку оплодени јајни ќелии да се вратат, едно или две? Тука докторката ми кажуваше некои статистики како треба едно да се врати, а често по социјалните мрежи на профилите од клиниките во Македонија гледам близначки бремености, што значи враќаат повеќе. ( по претпоставка дека ќе се оплодат повеќе во мојата постапка). Секој совет е добредојден. Поздравче❤️
Одлуката,барем во клиниката каде што сум јас се носи после пункција.После пункција имавме разговор со ембриологот и ти кажуваат колку извадиле и колку сакате да вратите,нормално ако се случи оплодување нареден ден.Ние вративме две