Мене Ивановски миги препиша и тогаш него послушав неги земав даги пијам,пред 2 инвитро ги пиев и имав подобрување,јас овие ги земавдаги пијам и ми останаа шишенца ама сеа маж ми дека вежба и он ги зема да ги допие.Микронизирана дхеа е јас ги пиев 2х1.И да нети ги препише штом си со намалена резерва немаш никаква штета од нив
Здраво женски дали има некој искуство со приватно здравствено дали откако ќе се потврди бременост ако во извештајот се пишат пролутекс дали ги покрива трошоците фалаа
Јас сум со приватно здравствено осигурување, но секоја полиса е различна. За терапија конкретно најубаво е да се јавиш директ во осигурителната компанија и детално таму ќе ти кажат што ти е покриено.
Јас ги имам пиено 2 пати по 3 месеци и сега се мислев дали воопшто да ги земам зосто ми се исфрлаше лицето и вратот со големи бубуњици како чир и ми ја правеше многу сува кожата на лицето како корупки. Приметив дека е од нив зошто откако почнував да ги пијам ми се случуваше тоа. Сепак машки хормон е тоа
Тие што сте со низок амх, кој протокол ви го предлагаат и со каков протокол сте имале успех? Еден доктор ми вука само на природен циклус без стимулации, а друг доктор ми вика со мала стимулација краток протокол
Колку тие Амх? Мене само косата приметив почна дами се кине и паѓа ама ништо страшно.Кај секого е различно позмацам што ги пиеле и немале никалви нус појави
Јас сум со низок амх, 4 ивф и 1 инсеминација. Сите 4ри инвитра бев со краток протокол, само првото ми беше со повеќе стимулации, а останатите три со Кломифен/летрозол и стоп инекција. Кај мене се одеше на опција што е можно помалку да се оптеретат јајниците. Од секоја стимулација имав по два ембриони за трансфер. Успех имав на последниот обид, стимулација само со Кломифен, стоп инекција и вратени две бласто на природен циклус.
Јас ги пијам еден месец и немам никакви нус појави до сега. Само позитивни, имам толку мн енергија и убаво се осеќјам. Инаку по препорака од доктор пијам 3x1 од 25мг.
Здраво девојки, се спремам за трансфер во понеделник и се плашам многу.Од 11 извадени јајце клетки на пункција само шест се сега за сега квалитетни и оплодени. Се плашам и не можам да издржам до понеделник зошто од 4 инсеминации имав само една успешна која заврши со спонтан за жал.Што ми препорачувате вие што имате поминато низ ова и што се случува на денот од трансферот?
Не се плаши, 6 ембриончиња е супер бројка. Процедурата е толку едноставна, немаш од што да се плашиш. Исто како инсеминација, со катетар го вбризгуваат ембрионот, ќе полежиш малку и те пуштаат дома. Нема ништо болно. Опушти се и со среќа
Ти благодам Само дали е без анестезија како и инсеминацијата или како за пункција потребно е да бидам гладна и жедна и со анестезија
Без анестезија е. Одиш, те сместуваат во соба, за кратко те носат во сала, иде др со ембриологот, со катетар го вбризгуваат ембрионот, цело време те гледаат на ехо абдоменално. Те враќаат пак во соба, ќе полежиш некое време, и те пуштаат. Ќе ти кажат терапија која треба да ја примиш. И тоа е се’ Не треба да си гладна и жедна, напротив треба со полна бешика да бидеш.
Мене ми се исфрла грбот само, мислев не е од нив, кога ги прекинав ми се исчисти. Кај секого различно.
И со краток и на природен циклус сум имала, следно повторно Ивановски ми предложи на природен циклус. Со стимулации се оптеретуваат јајници, така ми кажаа и ние што сме со ниско амх не е баш препорачливо.
Дали има некоја што правела ивф во Плодност па било неуспешно или успешно па спонтан ,па заминале Систина и било успешно?