Девојки здраво. Денеска од докторката го добив планот за стимулација за инвитро постапката. Прв пат ми е Преку ехо виде дека имам 4 јајцина пред да почнам со стимулација. За 2 месеци полнам 36 години. Прашањето ми е, дали после стимулација може да испаднат повеќе јајцина и со добар квалитет или не? Какво е вашето искуство
Има за жени посебно и за мажи посебно, јас и мм пиевме, ни препиша ивф доктор. Инаку во Германија се поефтини.
Мојата бета на 14ти ден после трансфер беше 495, за две недели ќе полни една година дечкото. Според мене супер ти е резултатот, немаш потреба од грижи. Само опуштено и со лесно да си ја тераш бременоста.
Здраво феминки, добивме резултати од спермограм кои претпоставувам по скромното познавање дека не се добри. Ги пуштив за мислење и во друга група но гледам дека тука сте по активни па би ми значело уште некое мислење од вас. Благодарам од ♥️
Според мое познавање и искуство спермограмот не е баш најдобар, најверојатно ивф имате предложено или пак прво со инсеменација да пробате. Пример нашиот прв спермограм беше 4 милиони и кажаа дека инсеменсции на таа вредност не се прават директно ивф а за 15 милиони нека кажат девојките кои се имале слична ситуација
Искрено никој не ни даде мислење и насока. Следна недела ќе правиме спермокултура и уринолултура па со сите резултати ќе се упатиме на уролог. Некаде прочитав дека со овие резултати е тешко и инсеминација но сакаме прво да пробаме на подобрување на подвижноста и количеството бидејќи ни е прв спермограм па доколку не покаже позитивни резултати да се упатиме на што би не советувале
Мојата бета на 15ти ден од трансфер беше 518. Си се дуплираше како што треба и уредна бременост цела, еве чекам женската да излезе секој момент Со лесно
Еве едно искуство со моја блиска особа сопругот имаше исто намален број прогресивни сперматозоиди и општо концентрацијата. Смени начин на живот тотално, остави пиење, благо,кафе и почна да трча секој ден, смени облик како човек и после многу месеци плус од препорака зеде да пие еден месец Спермогинн кесички по две дневно. Све од сама иницијатива. И остана пријателката трудна. Спермограмот неверојатно сменет и општо крвна слика.