Мислам дека инекциите не се продаваат по аптеки воопшто, само во болниците што прават ивф и цената секаде е иста. Јас докупував од систина, прашував по аптеки, сакав споредба да направам во цени, ми рекоа воопшто не ги продаваат.
Сакам и јас да споделам искуство со Вас и да добијам некои совети. Вчера правев ембриотрансфер на два ембриони на 3 ден после пункција. Трансферот помина во ред. Докторот беше задоволен ми рече сме добиле повеќе од што сме очекувале. Денес имам благи грчеви како за добивање кои се краткротрајни. Претходно сум со историја на два спонтани абортуси во рана бременост а ги имав по природен пат бременостите. Ова ми е прво инвитро преку фондот .Малку сум исплашена дали се во ред грчевите.Позз
Немој да се грижиш јас имав грчеви цело време, не знаев дали е резултат на терапијата или симптоми некои, затоа и не им давав многу големо значење. Имав успешно ивф исто со три дневни, 13 недела сум па некогаш пак знаат да се јават грчеви, нормално е има промени во матката. Ти посакувам успех и тебе
Мислам дека прво треба да биде на терапија па да се прави ин витро да се дава материјал итн. Имам случај во фамилија со хепатит (мајката на сопругот) она конкретно не правела ивф но знам дека беше ставена на терапија, режим на исхрана и тоа зависи кој тип има три типа ако не се лажам. За кратко време го излечи.
Вие што имате по два пати останувано бремени по природен пат, од која причина со ivf, поради хормоните ли?
Има една членка што се излечила од хепатит со некоја терапија од Индија знам и за друг случај каде што маж се има излечено со таа терапија ама не знам како оди процедурата. Најдобро е да пишеш во труднички муабети таму прочитав за членката може ќе виде ќе ти каже она повеќе.
Да ве прашам дали имам некоја од вас успешно забременето по природен пат или инвитро со хидросалфинкс на јајцеводите? Денес проверив бета на 10 ден од трансфер на ембрион и беше под 1.20. Некако немам надеж дека до 14ти ден таа вредност ќе се качи и сметам дека ми е неуспешно првото инвитро иако ембрионот беше со одлична оценка и трансферот помина супер. Тешко ми падна многу, но нема откажување.
Не се разочарувај Дали имаш хидросалпингс ти? Колку што знам тоа е пречка за успешна бременост. И да дојде до оплодување природно, испушта некаква течност која го уништува плодот. Уште пред 4 години кај мене се сомневаа дека имам на левиот канал и ме советуваа за отстранување доколку сакам успешно ин витро, но за моја среќа испадна само циста дека е.
Јас имав хидросалпинг на едниот јајцевод,и по препорака на дрТофоски го извадивме.Ми бјасни и да дојде до бременост,ќе се излие течноста и ќе го уништи плодот,во било која недела од бременоста. Еве јас после неколку неуспешни ивф,си добив ќеркичка. Моја препорака ти е прво ова мораш да го санираш ,па потоа да одиш на следно ивф.
Фала ви на одговорот. Јас правев лапараскопија, но тогаш се направи адхезиолиза и вадеа циста. Доста време траеше операцијата. Се добро се заврши благодарение на супер др. Тофоски. Само пофални зборови за него. Но, хидросалпингот изгледа не го чепнаа од ред други работи што средуваше. На хсг пред операцијата покажа дека имам хидросалпинг на каналот. Еднаш природно забременив со биохемиска и сега со инвитро истото го осетив после неколку денови претпоставувам периодот за имплантација остра болки како бодежи по цела десна страна. Најверојатно од хидросалпингот друго не знам што би можело да биде. Дефинитивно тоа ќе треба да го средам. Згора на тоа открив од лапаро дека има утерус диделфис (две матки со два посебни цервикса). Цел циркус, ама нема откажување. Ќе се бориме до крај. Фала уште еднаш на совет. Ви посакувам што побрзо сите бебувче да си држите во рака.
Девојки бета денес <2.0 Му пишав на докторот за терапијата, ми одговори доколку немам крварење да продолжам до 15 ден по ет и пак да се тестирам Некако нелогично ми е да се клукам со хормони за џабе кога реално нема надеж дека нешто ќе се смени. Што мислите?