dali fondot mozhe da odobri IVF ako kaj nea e se ok a kaj mene ima dva losi spermogrami vo rastojanie od 3 meseci, ili mora prvicno inseminacija? Spermogramite se so niska koncentracija na spermatozoidi (4m a granicata e 15m), ostanatoto e ok i kaj mene i kaj nea i imame celosna dokumentacija
Дали е намалена само концентрацијата? Која дијагноза имате на спермограмите? Ако и морфологијата е под 5%, треба да одобрат без инсеминации. Барањето за инсеминации треба да зависи од степенот на машкиот инфертилитет (според правилникот), но на пример, иако ние имавме 4% морфологија на вториот спермограм, (на првиот 24% морфологи) сепак ни побараа и втора инсеминација. Во правилникот во Член 14 и Член 15 ги опишуваат условите кога се одобрува без инсеминации. Матичната сигурно знае да ви каже дали документацијата што ја имате е доволна, мојата ни ги провери медицинските документи пред да аплицираме. https://fzo.org.mk/osigurenici/biomedicinsko-potpomognato-oploduvanje-in-vitro
Zeni kralici imam edno nejasno vo glavata,ama jas sum kriva sto ne prasav ama sega vo petok sum pak kaj doktorot i ke prasam .. pa do togas sakam vase mislenje i istustva..Denes bev na prvo merenje(folikumeteija) dobro ama folikulite se epten naduvani pa doktorot mi namali terapija i kaza petok pak na pregled !! E sega mi kaza deka se plasi od hiperstimulacina(eksplozija) i ako nemalo promena tie 2 dena podobro da izvadime kolku ke izvadime i da zamrzneme pa transfer sleden mesec .. E sega mene mi se mota vo glava kolku % se dobri embrionite od koga ke se zamrznat pa odmrznat .. bidejki imav edno ivf uspesno slicno so ogrni folikuli ,a imav i kriotransfer na zamrznat embrion sto ne uspea (razlikata od ivf i krio bese 6meseci) i embrionite bea 5dnevnu blasto!!? Helpp vo teski misli sum ???? ❤️
Јас со прво инвитро и свеж ембрион бласто немав успех, односно имав спонтан, со втор криотрансфер успешен еве терам бременост со близнаци На многу места имам слушнато и прочитано дека шансата за успешно ивф со замрзнати ембриони е поголема. Со среќа
Квалитетот мислам дека го гледаат и пред да ги замрзнат,а одмрзнувањето го преживуваат 90%.А тоа дали ќе се развиваат понатаму ни свежи, ни замрзнати нема сигурност.Така да не ја мисли толку.Има успешност и со едни и со други.Мое мислење не значи дека е точно,со замрзнати е телото малку поодморено од толку стрес,ситмулации.Со среќа
Моето мислење е дека би требало да ви одобрат процедура без потреба од инсеминации, но сепак, матичниот може најдобро да ви потврди или ако имаа членови со исто искуство.. Блиску сте до границата на значително намалена вредност на спермограмот (под 10 милиони/мл).
Nie sme so koncentracija pod 1 milion, vo pravilnikot pisuva ako pri obrabotka na spermata e pod 1 milion dozvoluvaat bez insemenacii e sega nasiot bez obrabotka e pod 1 milion pa neznam na sto mislat. Prasajte vo fondot bidejki tamu stvarno se bezobrazni i ne se znae sto baraat i pokraj pravilnikot, mene pokraj toj spermogram mi baraa i hsg i ispadna deka mi se proodni, e sega ako pobaraat i insemenacii na taa dijagnoza….
Zdravo devojki....nova sum na forumov....sakav da ve zamolam nekoj da spodeli iskustvo...posle nekolku neuspesni in vitra ....pred Eden mesec bese uspesno invitroto ostanav trudna...rana bremenost sum...nemozev da se izraduvam....pocnav da prokrvaruvam I pokraj terapijata...mi najdoa hematom...I malku pokacena vrednost na hemostazata....I me vidat kako rizik za spontan....so ogled na toa sum nad 40 godi...se osekam isplaseno....razlicni kazuvaat doktorite...vi blagodaram odnapred....ubava vecer
I jas imav hematom so preth bremenost, me bockaa progesteron i miruvav skroz samo do toalet i pregled stanuvav so pernica pod zadnik i karlica podignata. Postepeno hematomot se namaluvase i se povlece. Zatoa bi ti oreporacala miruvanje ama epten miruvanje zosto i mene me uplasija deka moze da go povlece embrionot zosto hematomot bese dosta golem. Za hemostazata veruvam si se konsultirala so transfuziolog bi ti go preporacala Jani strucen e mnogu za trudnici, kje ti dade soodvetna terapija. Primas terapija vo momentov za hemostazata ?
Имав едно неуспешно инвитро. И 4 години се борам со миомите кои ми правеа многу проблеми и ми го загрозија начинот на живот. Имам направено лапароскопија, хистероскопија, миомектомија која беше пред 5месеци. Се беше најдобро пуштив документи за второ инвитро и на контролен преглед се појавил нов миом 2см. Неможам веќе. Првото инвитро ми го направија со миом ама поминав 6 месеци после него толку многу лошо со 20ден крварење, болница секој месец губење голема количина крв, бев во хемиска менопауза се до миомектомијата. Се плашам да не се случи истото. Миомите растат од хормонската терапија. Некој совет или некој што поминал со сличен проблем. Извинете за долгиот пост.
Zdravo dali znaete kolku bi cinelo prefrlanje na embrioni od Remedika vo New Born? I kolku cini transferot na zamrznati momentalno vo New Born?
Ние со дијагноза олигоастенозооспермиа, каде што морфологијата не е ни опррделена поради низок број сперматозоиди, моравме да поднесеме и една инсеминација, ни бараа да дополниме, само една беше потребна, а според уролог и ивф доктор шанса немаше со таа дијагноза директ на ивф, ама ете мораше да доставиме дека сме пробале. Друго се е ок кај двајцата Едит: во 2021, да не има промена со новиот правилник сега. Може да си поднесете без инсеминација и ако бараат дополнително да доставите , како ние што направивме, ќе се пролонгира за месец или месец и пол добивањето ваучер