Истите документи како за прв ваучер само без ХСГ и без инсеминации, треба да доставиш плус извештај од трансферот. Спермограм може и од приватно и од државно
Јас уште прв пат кога отидов кај Лазаревски за да го откриеме проблемот он препорача да се испита кариотип и за мене и за сопругот. Тоа е едно од првите испитувања што ги имаме покрај хормоните и спермограмот
Закажи си кај ивф доктор и ќе ти каже со каков протокол ќе бидеш според дијагнозата. Следи на мој термин, може во меѓувреме ќе се ослободи некој термин, јас така направив.
Биохемиска било,нема откажување наредно ќе биде.Јас првото инвитро имав биохемиска,наредно еве бремена 35+4 со близнаци.После биохемиска имаш зголемени шанси и природно да останеш.
@22m мила ти правеше бета? Знам прочитав оние денови дека беше некој ден после трансфер ако не сум грешка
И јас имав амх 0.69 последно пред инвитро.Со добра терспија со витамини имавме 3 јајце клетки сите се оплодија од кои имавме 2 добри ембриони и еве близнаци.Нема никад одкажување.Само добар доктор,суплементи и упорност