Главната разлика е во времетраењето, тајмингот и која терапија се користи. Со краток протокол се почнува од 2-3 ден менструација со стимулации, нема потреба од претходно супресирање на природниот менструален циклус и при крај се користат GnRH антагонисти (Cetrotide) за да се спречи предвремено созревање на фоликулите. Времетраењето од почеток до пункција е пократко и трае отприлика 10-14 дена. Како предности се сметаат тоа што времетраењето е пократко во однос на долгиот протокол, има помалку инјекции за боцкање и помали се шансите за хиперстимулација. Со овој протокол се има помалку контрола во однос на хормоналната околина и обично резултира со помалку пунктирани ј. клетки. Најчесто се препорачува кај жени со ниски оваријални резерви или кај жени што слабо реагираат на стимулациите. Долгиот протокол пак, обично почнува со претходниот менструален циклус, најчесто околу 21ви ден. Се започнува со GnRH агонисти (пр. Бусерелин) за супресија на природниот менструален циклус. По 2-3 недели, се користи терапија за стимулација. Овој протокол трае отприлика 4-6 недели, со него се има поголема контрола врз хормоните и најчесто резултира со поголем број на извадени ј.клетки и ембриони. Обично се преферира кај жени со нормални оваријални резерви или кај помлади жени.
Ајде некој период земи пробиотик за вагинална употреба (најзадоволна сум од лактогин) безбеден за трудници.. Ќе дигне малку имунитет и флора доле (се пие како капсули) . И припази благо, кафе, и доле користење интимен гел сега е почуствително и од хормоналната терапија. Земи имуностимулант некој како бета глукан и б12 . Све ти е безбедно за трудници. Некако клукаат само со хормонална терапија а имунитетот го изоставуват и паѓа секоја жена е своја прича. Прашај за све доктор ама слободно можеш да користиш.
Zdr od kade kupuvate igli za potkozno bockanje (za buserelin) zemav od zegin ama nekako mnogu debeli, kratki se, ama za razlika od tie sto bea vo bemfolata mnogu podebeli
Кариотип на ГАК за тебе упат од матичен гинеколог, а за сопругот од општ матичен др. Денес бев конечно со мм да испитаме КИР лиганди и за мене НК клетки, има оваа недела реагенси, баш го прашав докторот дека и тие се вклучени во испитувањето. Ова на Институт за имунологија и хумана генетика со упат од гинеколог или општ матичен.
За тоа одредува ивф докторот според вашата дијагноза. Се' е индивидуално, некои успеале со краток, некои со долг протокол, зависи како ќе реагираш на стимулациите. Со среќа.
Право на ваучер имаш и за второ и трето дете,еве јас сега добив за второ Хив ти треба не постар од 6 месеци а инсеминации ти важат од претходно ако си правела,ти треба брисеви,ПАП тест,хормони, 4д ехо,спермограм ...
Јас барем колку што се сеќавам а пресно ми е хив, хепатит ц и хепатит б и ПАП тест бараат да биде не постар од една година. Брисеви, хормони, спермограм ултразвуци треба на 6 месеци
Сега нели по ново бараат 2Д и 3Д? Лани бараа 4Д. @jagoda777 јас од Зегин ги купував, не приметив дека се подебели, ама дека ме боцкаше матичната на мајка ми тие од таму иглите ги употребуваа, моите не.
Ок, ја ко теле у шарена врата... Завршив со хсг... Ок поминав Сега ќе чекам инсеминации... Многу ми е нелогички, зошто собираш документи, а сега како што разбрав се 4 инсеминации, на два месеци, така што секако ќе мора се од резултати од почеток.
Прво се прават инсеминациите, јас првата ја направив ноември, втората јануари третата февруари и последната ја направив септември и по 2 недели одма документи поднесов и сега чекам резултат од ИВФ
Ооо ова е многу долг процес додека соберете документи. Со идиопатски стерилитет сте што ви бараат 4 инсеминации?