Јас сум со секундарен, мене првото ми е природно.. Ќе видам др што ќе каже како ќе тераме, првата ќе биде на природен циклус.
Zdravo zdravo na site Od vase iskustvo Dali mnogu se ceka za rezultati od mikrobioloski brisevi i markeri (sobiram dokumenti za prvo ivf)
Кај нас дијагноза е женски инферилитет со машки фактор. Лазаревски ни препорача да пробаме со инсеминации прво и затоа правевме 4. Според мене е само пари фрлање ама помина и тоа. Сега се надеваме на две линии
Некој од искуство да ми каже. Со 3 дневен ембрион кога најрано можам да направам тест? Минатата среда беше Ет
На природен без стимулации, јас примив само стоп инјекција пред пункција. А за резултати од брисеви чекав повеќе. Мислам 10 дена, така нешто беше, тие ми ги носеа. @Цвет88 на природен без стимулации, со среќа.
Јас брисевите што ги праќав од кај матичен на приватно ги чекав подолго, а тие што ги правев во Велес во здравствена понеделник ги носев брисевите во среда си зимав резултат
Да ама кај нас е проблем што не можеш да бидеш сигурен дали се навистина негативни. Затоа и на приватно пратив
Немат добри реагенси, ги немаат сите реагенси па ги праќаат брисевите во други градови. Понекогаш се радуваме ако е позитивен резултатот па знаеме дека треба да лечиме оти ако е негативен не сме сигурни
Епа подобро да чекам повеќе денови, отколку да не се точни резултатите. Знам и една пријателка порано ми кажуваше од помал град ако биле негативни не праќале порака. Мене ми праќаат и да се негативни и за пап ако е уреден.
Се мислам да проверам пред второво инвитро, иако и покрај декортинот и терапија со клексани, аспирин и триста чуда, пак имав спонтан на првото. Кариотип добар од двајцата. Веројатно неквалитетен ембрион, со оглед на годините
И јас се мислам за истото. Да проверам. Мислев нема кај нас во Мк преку крв или со биопсија знам се прави.