За 5дневни ембриони ќе ри покаже и со домашен тест, јас точно така направив, пишував деновиве за тоа на 10ти домашен позитивен со бледа црта, 14 ти ден бета висока, исто со 5дневни два ембриона. Ти посакувам успех
Можеш и тест а и бета. Јас правев тест и бета на 9 ти ден од трансфер и покажа. Ќе биде овој пат ќе видиш. Само позитивна мисла
Ти благодарам на одговорот и нека ти се здрави и живи близнаците. Ќе ја отворам темата, не ми текна тоа да проверам. Амх ми е страшно низок, така ми е со години веќе. Гуржанова ми препорача да се оперирам и Хаџи Лега исто, за да се елиминира воспалението што го предизвикува. И јас го знам тоа дека не се препорачува на повозрасни пациентки, дури и докторот кога ја правев првата операција ми рече ако ти се врати пак не би ти препорачал да се оперираш пак. Затоа сега сум на мисла а овој пат не ми прави никакви болки или проблеми во секојдневно функционирање.
Би ти препорачала да одиш кај Димитров на консултација. Ако си со веќе низок амх скоро сум сигурна дека нема да ти препорача операција. Ај ќе ти пишам приватна порака за што се јас правев за да ги зголемам шансите за успешно ин витро
Мене на 10ти ден HCG 438, на 13ти 2649 со близначиња. А со едно детенце ми беше на 14ти ден 1746 Еве за споредба
Здраво, денес пробав да поднесам документи за инвитро за второ дете во фон за здр. во Скопје. Госпоѓата не сакаше да ги прими документите зошто не сум од Ск и ми побара електронско барање од матичниот гинеколог. Дали имате инфо за ова електронско барање? Благодарам
И мене ме интересира ова, ако знае некој. Документите за втор ваучер ми се спремни, рокот од 6 месеци од претходното ивф истекува на 6ти јануари, и овојпат сакам да поднесам директно Скопје (од др град сум , прошлиот пат месец дена патуваа документиве од подрачна до Скопје) за да не губам време. Ај споделете искуства некој дали носел директно и му правеле проблем.
Јас за првото директно во Скопје го носев и не ми правеле проблем никаков, но денес страшно ме изнервираа ... а проверете и со матичните навистина е потребно онлине барање да поднесат и тие. Утре повторно ќе пробам да ги однесам
Незнам што е точно, но според мене е истиот формулар што ни го даваат потпишан со барањето за инвитро. Ова е нешто ново од пред неколку дена. Ми го пополни матичната, па ќе видиме утре што ќе кажат
Jas pred edna godina koga podnesuvav maticniot elektronski popolnuvase nesto isyo taka i vo juni mesec koga aplicirav za vtor.
Сега по ново документите мора да ги поднесеш во градот од кај што си, или пак да ги завериш во фонд во твојот град па да ги однесеш во фонд во Скопје, иначе не ги примаат ке те вратат пак
Ќе биде дај боже, инаку при бришење со тоалет гледам розов исцедок заедно со Криноне гелот што се исфра еве веќе неколку дена, дали е ОК, Инаку 9ден од трансфер ми е денес