Значи веќе не знаат што да измислат. Пак во Ск ќе дојдат документите,само ќе се забави ... но тоа е. Фала на инфо ❤️
Прв пат кога поднесував мојот матичен ми зборуваше за овој електронски потпис не работел системот и дека неможам да поднесам без тоа барање електронски од кај нив а јас соберена со сите документи едвај ги прибрав уште да чекам ми остана. Нека ти потполни физички и со печат од тој образец и отиди поднасај. Мене ми го земаа во фонд не ни спомнаа дека треба такво нешто електронски. Гледај само да не ти се погоди истата таму зошто очигледно работат како им текне и те кочат без врска
Фалааа❤️15 ти. Среда 13ти беше трансфер ми рекоа и тој ден да го бројам. Јас со 1 ембрион сум па нормална е вредноста
Уште не можам да верувам. Дај боже сите да имаат успех од прва и сите да се радуваат на високи вредности
Здраво Феминки, би замолила за препорака на доктор кој нема да се откаже од ИН витро со намалена резерва, АМХ ми е 0,2. Имам 3 неуспешни инвитра, 4 беше успешно со срцева реакција која се изгуби во 9 недела . Првото инвитро го правев кај Органџиски кој мислам дека не ми даде добра терапија, имав 3 ЈК, доплатив за хормонски инекции и ниту една ЈК не се оплоди. Следните 3 ги бев кај Трајковски и имав по 1 ЈК, првото инвитро кај Трајковски имав ембрионче и ЕТ но немав бременост, второто инвитро кај Трајковски имав 1ЈК но ембриончето престана да се развива после 3 ден, и на третото беше исто 1ЈК која вроди со бременост. Сепак докторот е упорен да одам на донорски клетки, а јас тоа не го сакам. Ве молам за препорака на доктор кој имал успех со ниско АМХ, хормоните ми се уредни . Ви благодарам
Мислам да не се откажуваш од твои, затоа што со толку низок амх сепак сте успеале да извадите 3 јајце клетки, што не е малку. Мислам дека со добар доктор и соодветна терапија ќе успееш. Овде секој си е со своето искуство, јас на пример од Лазаревски сум презадоволна, и Митко Ивановски е предобар исто. Многу и од Плодност се задоволни. Со цела документација закажи си консултација кај неколку и ќе видиш кој најмногу ќе ти се допадне. Оди овде на лупа побарај има многу членки со низок амх, пишувале каква терапија пиеле од витамини. Можеш да пробаш и така. Ти посакувам успех.
Почекај си како што треба уште 4-5 дена , само стресови пред време. Примај си ја препишаната терапија и ослободи се. 9 дена поминале а треба 14 . Тоа е моето мислење . Побарај си го ИВФ Др , консултирај се со него .