Здраво, да прашам дали некоја има во план да увезува семе? Имам другарка која има увезено, но на крај си посвои и сега треба да го поништи, па го подарува на некој ако му е потребно. Ќе треба да се плати само во болницата за продолжување на чување. Пишете во порака
Во Њуборн мислам по дифолт тоа го прават при оплодување, поправете ме ако грешам. Кај мене во извештајот пишуваше дека е направено, а не сум барала или знаела или зборувала со докторот за такво нешто.
Ако ти требаат документите за втор ваучер да поднесеш во тој случај не ти треба хсг. Го имаат во документација не се поднесува повторно и важи 2,3 години
Ве молам искуства со Embryo glue. Првиот пат не се користеа никакви техники, овој пат ми ја предложија оваа варијанта.
Ако не се направи трансфер на крајот на постапката, односно нема ембриони за враќање дали пропаѓа трансферот или можи да се одложи за некој следен циклус додека важи ваучерот тие 6 месеци?
Точно е дека во NewBorn секако прават и тоа и на тридневни и на петдневни ембриони, вклучено си е во цена и не најавуваат претходно.
Во која болница си? Па имало и такви случаеви. Ама мислам тоа да биде барем следен циклус. Прашај си да си знаеш. Не можам да пишувам тука детали.
Се купува од аптека едно време во аптеката во Ремедика го имаше околу 3000 ден е и секоја болница може да го примени во договор со доктор.