Девојки денес ми е 10 ти ден од криотрансфер. Пред еден ден имав гадење и повратив. Вчера немаше ништо. Денес повторно истото ми се случи гадење и повраќање. Дали ова може да биде добар знак? Ве молам доколку некоја има искуство да ми каже.
Ако си со 5 дневен ембрион можеш да направиш бета или утрински тест. Јас на 9 ти ден правев бета и утрински тест и кога го правев тестот ми се згади и повратив сабајлето.Прво мислев дека ми е на нервна база од стрес. Беше позитивно
Направи си на две недели оти со индрминација треба во оргснизмот да се оплоди јајце клеткатс не е како со ифв оплодување во надворешни услови. Две недели ти е најсигурно
Ve molam preporaka za invitro kade bi bilo najdobro da se pravi gledam deka New Born dosta dobar procent na glasovi imaat ,sto mislite za GAK i dr Tofoski mi kazaa deka rabotat so stara aparatura tamu i da ne sum se lazela da odam iako personalot bil ok..ima li nekoja uspesna prikazna od tamu?
Prasanje od overthinker Zavrsi punkcija, iako panicev i za nea- se bese ok. Sega sledi ET i mozokot pak mi e 200na saat. Mnogu polesno gi pominuvame rabotite koga dobivame sovet od tie sto vekje go pominale toa. Me interesira denot na transfer kako vi tece? Patuvate, kacuvate skali(ne se site so lift) Lezite cel den? Stanuvate za jadenje? Sto jadete? Sto ako ve fati opstipacija od tolku sedenje? Nekoja hrana sto vi pomognala za polesno odenje vo toalet bez da zapnuvate? Ima vrska toa nema vrska... Cveklo pomaga, ama smee li? (znam deka zajaknuva endometrium) Zima e, sezona na virusi, sto ako pocnam da kivam, kaslam? Ke propadne li se ? # prasanja sto me macat ...sekoj sovet e dobredojden falaa Nekoj ke kaze vidi ja budalava ama se zamara... ama posle skoro 12 godini, sakam da e uspesno
Деновиве на форумов неколку пати се спомнува ГАК за ин витро ама никој не даде подетални информации. Јас последно што знам е дека почнале да прават ин витро од скоро, не знам кои им се ембриолозите (многу важни во процесот) и дали имаат добра апаратура и можност за замрзнување. Они сигурно се добри, стручни доктори ама не знам па колку реално искуство имаат со ин витро , до сега немале голем обрт на пациенти освен за инсеминации што е многу различно од ин витро. Ако има некоја членка што правела на ГАК нека пише.
На денот на трансфер лежеш во болница околу 1 час и те пуштаат. Мојот ден како помина после болница заминавме во хотел, не сум од ск, а правев ивф таму па одлучивме да не патуваме тој ден. Кога стигнавме во хотелот седевме пиевме кафе и заминав во соба, лежев цел ден со станување само за во тоалет. Јадев сендвич, пиев кафе пак. Не се туширав тој ден и не појдов во тоалет да се празнам баш од таков страв да не биде нешто. Наредниот ден утрото го напуштивме хотелот застанавме на бензинска, пиевме кафе и си заминавме. Мм возеше многу полека цело време за да не ме треси. Дома кога стигнавме лежев тие два дена. Исхраната ми беше како и предходно многу овошје и салати, се нормално како и пред ивф. Трансфер имав во петок во понеделник веќе морав да излезам кај матичната па на болница за документи, скали имам и дома и на болница не работеше лифтот така да неизбежно е некогаш само полека без брзање одењето ми беше. И после тоа имав излезено неколку пати одев на кафе, претежно дома лежев не работев ништо, освен ако треба нешто за јадење или да ги ставам алиштата на слушалка мм ја носеше корпата и ми ја местеше во висина на сушарата за да не се наведенувам и претежно така. Си слегував по скали, си седев во двор. Кај мене беше успешно. Предходните две ивф ги лежев цело време беа неуспешни, мислам дека нема правила. Само опуштена биди. Тешки се тие денови од трансфер до тест, само таму работи мозокот. Ти посакувам успешна постапката да ти биде и да си ги видиш и ти и сите во темата двете цртки Се што те интересира слободно прашај
Koja aparatura mislese ? Jas osevn eho 4d nisto drugo ne sum videla. Prvoto invitro e napraveno na klinika Gak no imaa pauza od koronata. Sega povtorno se zapocnati. Vo vrska so opremata ne moze pacient da kaze bidejki osven EXO pacientot nisto ne moze da vidi. Aparaturata e zatvoreno za pacienti. Imaat embriolozi i imaat moznost za zamrznuvanje.
Здраво жени борци сакам да ви кажам дојде на свет нашиот син После 11 години борба !верувај те и Бог прави чуда!
Od maticniot ginekolog dobiv soznanie deka imale stara aparatura i rece nikako GAK, samo kolku e toa tocno neznam zatoa ako ima nekoj nekoe iskustvo da spodeli ..doktorite kolku sto znam se super posebno Tofofski i imal dobar tim ..
Патување само од болница до дома и 10тина скали по ЕТ искачив до дома. После тоа одмарав лежев цела недела ми препорачаа на десна страна лежење после ЕТ, станував само за до тоалет и за јадење а многу често и јадење во кревет ми носеа Опстипација не ме фати а лежев цела недела, цвекло јадев и ми ја препорачаа медитеранска исхрана според таа се водев. Ананас не се препорачува. После недела дена си ги вршев обврските без кревање тешко и без многу напор и еве сега сум 9месец бремена. Со среќа
За ЕРА , ЕМА Алиса тестовите кои најмногу се промовираат во плодност се жива комерција и не се клуч за успех. Тие се стари методи кои немаат покажано добри резултати а цената им е превисока. Има студии на нет можете да прочитате. Одлуката си е на крај ваша.
Me interesira koja e odlukata za transfer na 3ti ili 5ti den? Koj den e podobro da se vrati embrionot. Dali ako se vrati na 3ti shansite se pomali za implatacija ili na 5ti se pogolemi shansite?