Сабајлево правев тест на 10ден од трансфер и излегоа две црти јасни. Понеделник правиме тест преку крв
Здраво на сите, наскоро ќе започнуваме со подготовки за инвитро кај др Трајковски. Сакав да ве прашам дали вадењето на јајце клетки го прават со анестезија и ако да, каква? И тие што вежбате тежински тренинзи кога се вративте на вежбање? фала ви ♥️
Извештај, сметкопотврда и фискална за клексаните, потврда од матичен дека си ги примила, јас не сум од ск па за викенди и неработни земам потврда од брза помош и трансакциска сметка
Колку долго сте чекале за одговор за ваучер за ИВФ од фондот? Поднесов на 26.11, а сеуште не е ни разгледано. И дали знаете кои денови има комисија за разгледување на документите?
Ви благодарам девојки на одговорите @*Explorer*, @Bejb15, @LeNora. Уште едно прашање: Кога ја земам потврдата од матичен гинеколог? Откако ќе ги примам? И доставувам доказ за купени (фискалните и сметкопотврда)?
Да се враќа кај сите, сите да си дочекаме. Пред да се одреди со каков протокол ќе биде постапката, проверија амх. Од причина што е ниска, одевме со краток протокол. А процесот на вадење малку беше стресен, со анестезија помина, после одмор и некако се заборави. А инаку ми е второ ин-витро.
Откако ќе ги примиш сите клексани се зема потврда од матичен гинеколог. Доказ за купени ти се фискалната и сметкопотврда ти даваат во аптека само ќе нагласиш дека ти треба и сметкопотврда. Тие треба да бидат купени после извештајот
Откако ќе ги испримиш сите. Матичниот не може да ти издаде потврда дека си ги примила, пред да ги примиш (ги носиш фискалните и извештајот од гинеколог/трансфузиолог)
Здраво дами. Дали има некоја членка што има правено ИВФ во Плодност - Битола со долг протокол преку фондот и би можела да ми каже колку ја чинела процедурата на крајот од самиот процес? И дали има користено нешто плус од самата болница, а да не е покриено од фондот? Низ форумов прочитав дека во Плодност го имаат најсовремениот Time lapse - ембриоскоп, па ме интересира дали сте го доплатиле неговото користење?