Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    248 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    189 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    55 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    34 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    18 глас(а)
    1,1%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    96 глас(а)
    5,9%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    76 глас(а)
    4,7%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    108 глас(а)
    6,6%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    103 глас(а)
    6,3%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    298 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    260 глас(а)
    15,9%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    31 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,4%
  15. ГАК (Сите доктори)

    45 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,6%
  1. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Верувам дека стресот е голем, но веќе имаш бременост па со лесно и само убави новости да споделиш. Иначе колку ембриони имаше од пункција?
     
  2. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.983
    Пол:
    Женски
    Женчиња ме интересираат искуства.Јас веќе сум 9 недела од бременоста со имвитро сум па затоа ќе пишам и тука за искуство.За прв скрининг слушав убави зборови за Димчев од Систина.
    Мојот инвитро доктор е Трајковски од Њуборн и мислам дека они не прават скрининзи таму,ќе прашам не сум сигурна.
    Јас ќе си одам кај матичниот секако ќе направам на државно но сакам и приватно некаде да си направам.
    Отприлика која недела се прави и кога да закажам за приватно ако сакам кај доктор Димчев?
     
  3. Srna-3

    Srna-3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    211
    Мене прв скрининг ми правеа во Њу борн кај Хаџи Лега кај што и го правев инвитрото, со тоа што правев и пренатален тест, па немаше потреба да одам на друг специјалист. Понатаму за втор скрининг и самите инвитро специјалисти те упатуваат да одиш на специјалист за скринизи.
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ivana.swiss

    Ivana.swiss Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2024
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Фала ти, да се враќа кај сите што си чекаат. Инаку од пункцијата извадивме 5 ембриончиња, направија трансфер на две, 5 дневни и 1 замрзнавме. Другите две не беа доразвиени.
     
    На Tiffany01 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Надеж♥️

    Надеж♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира кога треба да се направи оти на преглед кај Лазаревски во четвртокот не ми спомна ништо само ми закажа преглед за 4 недели, а тогаш би била веќе 11+ недела.
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Најубаво е да сте 12 недела, тогаш се мерат многу параметри. Јас бев 11+2 само да се види плодот срцебиење уште еднаш пред пренатален. И после на 12+2 бев на два скринизи приватно и на државна.
     
  7. Lolita-

    Lolita- Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Јас го правев 12+6 кај Димчев. Убаво поминав, иако од скринизите кај Митко Ивановски сум уште по задоволна. Дали дека по зборлест или дека сум му пациентка не знам :). Кај Димчев јави се навреме дека те фаќаат и празници и брзо се пополнуваат термини.
     
    На bebe2023, Ladyme и LanaDelR им се допаѓа ова.
  8. Lolita-

    Lolita- Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Пред да правам тест ги имав сите можни симптоми за добивање. Тотално во неверување бев под позитивниот тест баш поради тие симптоми.
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lolita-

    Lolita- Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Многу девојки имаат кафеав исцедок на почеток на бременост. Може да е имплантациско крварење, застарена крв. Мирувај примај си прогестеронска подршка и ќе биде добро. Со среќа
     
    На Ivana.swiss му/ѝ се допаѓа ова.
  10. reni"

    reni" Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    1.063
    Пол:
    Женски
    Posle 20 dena padna beta
     
  11. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    И јас сум кај др. Трајковски исто со ивф.
    Му кажав дека за скрининг закажав кај Димчев (плус имам полип и за тоа ми требаше второ мислење) и др. Трајковски ептен ми го преппрача. Кажа дека е многу стручен и со многу искуство и добро што сум закажала кај др. Димчев
    Искуството со др. Димчев ми е позитивно и за скринингот и за полипот.
    Ти го препорачувам
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Грчевите од бременост се исти како оние менструалните.
    Ова обично е еден од симптомите на бременост. Исто како и крвавиот исцедок што е најчесто имплантациско крварење.
    Јас 8 ден од ивф имав кафеав исцедок и штом видив знаев дека сум бремена
    Веднаш земав тест за бременост преку крв во лабраторија уште истиот ден и видов дека сум бремена
    Тест од крв е најсигурен- покажува и бета хцг за да се види дали е единечна или близначка бременост
     
    На LanaDelR и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  13. Ivana.swiss

    Ivana.swiss Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2024
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Да така е, кај мене покажа позитивни тестови, и така од 7 до 9ден навечер кафена крв по малку, на 12 ден добра бета, ама веќе трети ден кафено имам по цел ден и докторката рече дека можно е зашто ставија две ембриончиња, едното да не се фатило и сега да се чисти, само да се надеваме дека нема да го повлече и другото, и се додека нема црвена крв е ок. И за утре треба да е удвоена бетата. Па ќе видиме како е.
     
    На Ladyme, Baby Girl123, Izzy_0504 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    3.915
    Пол:
    Женски
    Ајде утре штом добиеш резултати, пиши (fingers)
    Ти пуштаме среќа
     
    На Ivana.swiss му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    207
    Dali imate podneseno pap so uste mesec dena vaznost?
     
  16. Tiffany01

    Tiffany01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    790
    Пол:
    Женски
    Edna godina vazi papot
     
  17. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    207

    Bi mi go priznale li toj? Ili ke mi pravat problem?
     
    На Shkolka@ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mina888

    Mina888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Подарувам Lenzzeto спреј со рок до 01/2025
     
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.822
    Допаѓања:
    34.723
    Пол:
    Женски
    Па штом има важност уште два месеци би требало да ти го примат.
     
  20. мериче

    мериче Нов член

    Се зачлени на:
    11 септември 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво ,
    Би сакала да ве прашам дали има некој искуство со неоплодени јајце клетки
    Наводно биле добри но нешто не се оплодиле,така кажаа од Систина.
    Со тоа прекинат е процесот,но ништо не ми кажаа што понатака ..
    Ви благодарам