Привремено ти е покачен естрадиолот. Да те ѕирнат на ехо таму во втора фаза ако има некоја циста како што нагаѓаме, консултирај се да ти дадат дабростон за да помогне да пукне со следниот циклус. Прогестеронска поддршка е така да нема зијан, ако се обидувате природно и ќе помогне, ако дојде до зачнување.
Прво инвитро ми е,заради тоа се сомневам,мислам дека не ја имаат обработено семејната течност. Но сепак од Систина не го очекував ова.
Дали некоја од вас имала имплантациско крварење да ми каже како изгледа, која количина, каква боја, колку време трае. Трансфер имав на 18ти. Утрово на гаките имав 3 розеви точки, на бришење немав ништо. Имам благи грчеви како пред добивање и некое како затегање . Синоќа не можев да си најдам положба за спиење од тоа чувство на затегање не боли само е непријатно. Сега се заковав за кревет и најдобра положба ми е на грб со свиткани нозе и ми е страв да одам во вц да не се разочарам.
И кај мене прво ивф успеа кај Лазаревски во Систина со 4 не успешни инсеминации. Мое мислење они не можат да знаат зошто не се оплодуваат јајце клетките. Многу фактори играат улога.
Neznam sto toa znaci kako "delovna zena", pretpostavuvam mislite dali sum sama pa planiram, ako e toa prasanjeto - Ne stanuva za maski faktor zbor.
Имплантациско крварење трае ден, два по неколку капки, може да се повтори за некој ден пак, меѓутоа контактирајте го докторот можеби ќе треба корекција на терапијата.
Од хормонската терапија (конкретно естрофем) дали се покачуваат глукоза, тсх и ензими на црн дроб? Какво е вашето искуство? Кај мене се покачени овие параметри. Глукоза од 5 на 5.7. ТСХ од 1.4 на 1.9. Пијам веќе 8 дена 2х 4 мг естрофем.
Да, на тоа мислев. Вчера ти одговорив дека се чека 2 месеци, ама тоа е баш за ако си без партнер. Отпосле ми текна дека може сте со машки фактор, за таквиот процес не знам точно колку се чека (можно е да е пократко). Може има некоја членка што поминала таков процес и ќе знае поточно да ти каже.
Немам искуство со имплантациско крварење но според тајмингот(6 дена после трансфер), количината (3капки) и бојата (розева) совршено се поклопува со се' што имам прочитано за имплантациско крварење. Мислам дека се добри знаци
Iato i nie uspeavme od prva kaj nego, sega za vtoro sme so dve neuspesni kaj nego...podnesuvame za nov vaucer...
Јас од втора кај него, ама мислам уште 10 да требаше, сите кај него ќе беа. Немам еден лош збор за човекот да кажам, врвен е во се
Женски што мислите може ли да згрешат при проверка на хормони т.е да помешаат нешто? Проверував денес на клиничка биохемија, хормониве мислиш девојче, јас сум со пцос и цел живот имам мака со висок инсулин и андростендион дури и кога пиев терапија за нив знаеја да се високи, а сега не пијам ништо, ни па пазам на храна и наводно супер се. Дали лоши реагенси, дали помешале епрувети, баш се нервирам, ем пари фрлени, ем маката до таму, ем се.
Девојки 9та недела сум и веќе неколку денови имам грчеви во јајниците, повремено. После трансфер имав блага хиперстимулација, но на последниот преглед докторот кажа дека се смириле јајниците. Дали е нормално?
не верувам поготово што и накачив доста кг па затоа и ме прати матичнава да испитам, ми е страв да нбе помешале епрувети
Штом се сомневаш, повтори ги во друга лабораторија. Инаку, на клиничка биохемија треба да се најточни резултатите.
Направена бета на 15ти ден од трансфер 200, и веќе од истиот ден или вчера добив, нормално како и секој месец, само малку повеќе крв и парчиња. Прекината терапија. Спонтан абортус. Повеќе среќа сл. пат. По завршување на менструацијата ќе треба да се прави ехо, испитувања за тромбофилија, генетски испитувања и др. Останатите кои си чекате, ви посакувам сите да си имате позитивни резултати и среќни и исполнети да си влезете во новата год.
Оо жал ми е.. ајде со среќа следен пат. Мене претходното ми беше така со ран спонтан, па наредното после тоа успешно. Ти посакувам и тебе така