Јас имав доста покачен пролактин, на почетокот примав мала доза ама не се намали да биде под граница. После бев на ендокринолог и со поголема доза се намали за две недели и тоа драстично намалување. Тогаш примав бромергон, искрено јас тешко ја поднесував таа терапија ама ко ќе се мора тоа е. Сега на овој ваучер беше покачен за 1 пример 25.1 не знам сега која беше граница онака давам пример и ме прашаа дали примам терапија па доставив документи од минатиот ваучер дека тогаш ми беше многу висок, а дека сега без терапија ми е толку. За среќа ми одобрија може дека беше ептен малку покачен. Но ивф докторот одма ме стави на терапија достинекс затоа што бил многу битен да биде понизок за имплантација на јк. Го пиев до позитивен тест, значи и после трансфер се до тест. Пиев 1/4 на две недели. Со терапија се намалува за брзо но битно е да се следи цело време.
Извини, но со кого разговараше во Систина и ти ги кажа тие две цени? Во ивф-центарот секогаш кажуваат точна цена. Баш ми е чудно.... Навистина, информацијата ти е погрешна. Не дека форсирам некоја болница, туку само сум реална. Ете и уште една чкенка @Shekerka55 потврди. Секако, секој може да си провери лично и да си се информира. Процесот со донирани ј.к. е исто така тежок како и оној со сопствени ј.к., а гаранции немаа, за жал. Дали ти успеа во Солун? Колку ј.к. купивте? Какво ти е искуството?
Извини, чисто ме интересира, испитуваат што е причина за покачен пролактин или само терапија се препишува за намалување?
Добро никој нема правено хсг сега скоро на гак??? Од 19.11 чекам да се јават, бев на гак ми вика не доаѓај џабе, ние ќе ти се јавиме, и еве така ќе си поминат два месеци... Да одам пак да досаѓам? Не знам шо да правам. Уште чекам отпусна, па да се видам со доктор, да видиме што ќе каже
Пријателка пред две недели ама со врски и среди работа. Незнам како си во можност ама кај толовски за 5000 ден е онака поефтино од клиникиве приватни а одлично го прават до добар квалитет слики.
Направив јас, ама чекам отпусното... Резултати има, ама нема отпусно... Не знам зошто се чека тоа. Ми рекоа они ќе се јават а мене време ми проаѓа. Па сакам да знам колку време после хсг чекале тие што правеле.
Pa kaj mene pokacen e prolaktinot pretpostavka na mat.genikolog e deka e od Tsh bidejki e na granica no mi dade da ispitam uste ednas bidejki na denot koga ispituvav jas nebev ni dovolno spiena, a koga ispituvas trebalo da si naspan,da ne si izmoren nitu pak da ne pesacis koga ke ispituvas mi rece duri nemoj ni da zboris Ke ispitam uste ednas posle praznicite pokolku e pak pokacen ke zakazam endokrinolog
Отпусно за да земеш од клиника е цела филозофија. Јас чекав повеќе од 3 недели. Не ми се јавија. Отидов. Еднаш ме вратија не било готово следната недела го земав
Ништо, ќе ја активирам врскава... Ко божем да не досаѓам, ама ќе морам. 3 недели е супер, јас месец ипол чекам. Кога бев ме вратија, не доаѓај ние ќе се јавиме кај сите.
Информацијата ја добив телефонски од ембриолог, тоа беше април - мај 2024 година, а не се две цени, само не сум сигурна дали беше 7000 или беше 8000 евра за 8 донирани јајце клетки со тоа што се работи за замрзнати јајце клетки, така ми кажаа така и пишав, ако он ме лажел и јас ве лажам Е сега може имаат некои промени не знам. А во Солун не купуваш јајце клетки туку од една стимулација од донорката може да се добијат 8, 9 и.т.н. јајце клетки (кај мене беа 8 . Таму во зависност од пакетот ти гарантираат од најмалку 2 до најмногу 4 бластоцисти на 5 ден (по ново сега мислам дека е така, јас кога почнав беше најмалку 1 а најмногу 3 бластоцисти) сепак ќе си прашаш. Јас одев со пакетот од 5800 евра и ми гарантираа најмалку 1 бластоциста а од 8 на 5 ден добив 3 бластоцисти кои ги замрзнавме и сега чекам да се договориме за трансфер. Инаку се работи со свежи јајце клетки не со замрзнати. А за искуството можам да кажам дека сум презадоволна од нивниот професионален однос, од тоа што во разговорот со докторот и ембриологот ти посветуваат време и ти одговараат на сите прашања кои те мачат, не форсираат одредени методи само да земаат пари, ако сметаат дека нема потреба од тоа, ама оставаат на твој избор. И што е најважно имаат координатор од Македонија па разбирањето е полесно. Што на пример кај нас барем кај мене не беше случај, имам впечаток дека се набрзина се тера и не ти посветуваат доволно време, ама сепак тоа е мое мислење.
Многу чудно за ценава. 4600 евра се 8 ј.к. Да не вклучил и цена за трансфер? Што е околу 1000 евра (не знам точно колку е), но пак не се стигнува до 7000 евра. Баш ми е криво што си добила таква информација. Мило ми е што си задоволна од клиниката. Имам и јас слушнато дека работат со свеж донор. Фала за инфото за цената. Зошто веднаш не трансфериравте ембрион туку сте ги замрзнале?
Па мислам дека таква им е праксата, мислам дека е поради тоа што чекаат да видат дали со првата стимулација ќе се добијат бластоцисти затоа што исклучиво ембриони во фаза на бластоцисти ги враќаат назад. Затоа што ако со првата стимулација не се добие минималниот број на ембриони во фаза на бластоциста во тој случај се оди со друга донорка, ама на нивни трошок се додека не се добие ембрион во фаза на бластоциста. А некаде читав и дека подобро било и имало поголеми шанси за успех ако ембрионите претходно се замрзнати, што и не мора да биде точно. А од друга страна после замрзнувањето сама ќе си одлучиш кога ќе бидеш спремна за трансфер.
Newlife IVF Greece е клиниката или за некоја друга станува збор. Во процес сум на истражување па би сакала и таа опција да ја разгледам за евентуално во Солун зошто според веб страната дури и поевтино е од тука.
Таа е. Можеш да им пишеш на мејл и да ги прашаш се што те интересира, дури и да закажете и бесплатна консултација со преглед таму, прашај ги ќе ти кажат како иде целата процедура сето тоа се завршува во еден ден. Отвори им ја нивната веб страна и најди ја нивната координаторка Елена Најдовска, девојката е од кај нас а работи таму и ако има мејл можеш да и пишеш директно на неа, многу е љубезна и услужливи. А за цените да поефтини се, а и ти посветуваат внимание и многу се професионални, ако идеш таму разговараш не само со докторот кој ќе ти објасни се и ќе ти одговори на секое прашање туку и со ембриологот, а ако почнеш постапка те известуваат буквално за секоја фаза.
Драги соборки, ви ги честитам празнициве и посакувам 2025 на сите да ни ги наполни рацете и срцата. Јас сум скоро на пола пат. Изминативе месеци многу пати ја отворив темава за да ви се пофалам, за да ви дадам надеж, да ве охрабрам, ама не можев ни сама да ја процесирам информацијата дека сум бремена. Веќе влегов во второ тромесечие, поминат пренатален, поминат скрининг а се уште се немаме израдувано како треба. Само го молам Бога да не дочува до крај и конечно после 10 години да станеме родители. Ивф го правев во Embryolab во Солун, и сум презадоволна од нивната посветеност, достапност и човечност. Целата документација ми ја разгледаа, ми закажаа преглед, се договоривме дека ќе одиме само со летрозол. Постапката си ја водев кај матичниот гинеколог, признаваа резултати од хормони, ехо мерки на фоликулите, значи отидов за пункција и останавме 5 дена. Самата постапка не чинеше околу 3000 евра, плус нормално трошоци за сместување, лекарства итн.
Здраво девојки. Поднесов документи за ваучер, се уште чекам одговор. Имам едно прашање. Ова ќе ми е прво инвитро и сум многу некако уплашена, како ќе биде, што ќе биде, како е самата постапка... Ме интересира дали некоја со намален број на антрални фолекули имала успешна постапка? Последно кога бев имав два на едниот, еден на другиот јајник. Се опседнав со некои работи кои може немаат врска и сама на себе си правам стрес и притисок, а баш сега тоа најмалку ми е потребно. Ви благодарам за одговорот.
За успех е доволен само еден фоликул, едно ембрионче! Не си создавај непотребни грижи. Никогаш немав повеќе од 3 антрални. Со три извадени ј.к., и трансфер на еден тридневен ембрион, имав успешно ивф.