Нас Лазаревски кариотип ни побара уште пред да почнеме со инсеминации. Мислам дека е испитување што треба меѓу првите да се направи кога се почнува со ИВФ
А се боцкате во мускулот или во салцето на раката? И дали е изводливо сама да се боцкам? За сега се боцкам во стомак ама често погодувам некое чворче, иглата никако не оди и морам да се пребоцнувам.
Јас се боцкам сама во рака, има видеа на youtube lesno e mnogu e nekogas sum omodrena ama dolgo se bockam moze i do toa e. Ja stiskam rakata za sid za da mi se nasobere salce ne bockas vo muskul i bockam so drugata raka.
Во салцето. Мислам дека не можеш сама да се боцкаш затоа што со едната рака се фаќа салцето и под кожата се боцка со другата рака. Сопругот ме боцкаше јас не можев ни во стомак сама.
Вежбај, пешачи, јас ја сменив и исхраната па сум како опседната со рецепти барање, не разговарам повеќе на темата затоа што секое прашање што правите почнавте ли и слично страшно многу ме вознемирува. Читам книги, гледам серии што опуштаат, излегуваме, слушам музика гласно, одам во црква, се молам, човек мора да верува. Почнав да читам и книги како да си ги направиш мислите да ти бидат позитивни. Не дека не ме фаќа паника и страв, ме фаќа ама си викам дека ќе биде, а и да не биде да сме живи и здрави на крајот од денот тоа е најважно, без здравје нема ништо да биде, а и сега за стрес не е време. Навечер пијам чај од валеријана. Јас до сега лошо искуство со песимистички пристап од доктор не сум имала. Кажано ми е колку ми се мали шансите, но дека ќе пробаме.
Тој 1 % шанса за успех сега е 14 месечен дечко, здрав, прав. Во моментот кога правев ивф имав полни 42 години. Сега на 44 години се спремам за ивф за второ дете, па како решил бог, така. Никогаш не се откажувајте, надеж секогаш постои.
Неможеш да најдеш? Еурофарм тафталиџе имаат секогаш резерви, зегин буњаковец, алпи клинички. Кажи дека за бременост ти треба.
Јас имам 43 и родив здраво женско дете пред два дена. Ин витро правев во Солун каде што ми вратија пгд испитан ембрион значи со мој материјал. овде 5 години се маткав со нашите "експерти" што истото ми го зборуваа и на мене, дека сум стара дека мажот ми е стар и затоа не ни се успешни ин витрата, а јас со ин витро почнав на 38, кога бев и помлада. Муабетот ми е дека прво они не ни можат да докажат дека ембрионот не е хромозомски добар затоа што не прават пгд ,конкретно за Систина зборувам ги праќаат ембрионите во Турција а и да им речеш дека ете сакаш да ги испратиш, те одвраќаат од намерата, демек многу инвазивна била методата, што нема врска со реалноста. Да,кај помлади ин витрото е доста поуспешно ,но нашите" експерти" неќат многу да се замараат и најлесно е да кажат дека пациентот е крив. Од моја гледна точка, ивф како процес во Македонија е лимитиран и е штанцање затоа што самите доктори се лимитирани со знаење, па еве и со донор да одиш не значи дека ќе успееш, јас познавам жени што прават трансфер на 43 ,со нивен материјал замрзнат на 30 години, па не можат да останат бремени. Немој да се разочаруваш,оваа битка се води до последна минута а ивф компетентност за над 40 барај на друго место.
Точно, нашиве доктори еден со друг се побиваат за пари само не сакаат да поработат на надоградби на знаење. Од пренатален земаат од 100-150 евра заработка па сега видете. Излага колегата пред мене јас влагам кај докторов и зборат зад него како него 100 евра му давал а на друг доктор 150 евра. Неможе така затоа нема да му препорачам никој вика што мисли нема да дознаам јас. Збори пред мене дека работам во истата бранша па се опушта. Затоа се 800 евра кај нас а во солун 400 евра пренатален. И све друго од ин витро до било која друга процедура. Поштувам доктор кога ќе ми рече девојче ми треба за едукација пари.. И би се потрудила да му овозможам ама пусто овде само за шетање бараат пари и за луксузи.
Честитки од срце, голема да расте среќата ваша. Баш зарди тоа што го пиша, и јас сега полнам 40 и сум пред одлука сепак да одам во Солун. Има неколку клиники, не знам која е подобра ама сепак верувам во здравството во ЕУ и ќе пробам таму. Каде направи ин витро ти и дали горе доле цените се исти како тука, ако ти текнува колку те чинеше?
Mi ostanaa 3 inekcii meriofert 150iu i orgalutran 0,25 mg 1 .Kupeni se od Grcija so dobri rokovi se Ako treba na nekoj neka mi pise vo poraka ❤️
Девојчиња имам едно прашање, некоја ако може да ми помогне со одговор. 2 гинеколога, 2 различни мислења. Едниот гледа миом на незгодно место, другиот не гледа. Сакам трето мислење. Кој доктор на ГАК би го препорачале?
Ќе ви се вмешам во разговорот.Прво да е жива и здрава ќеркичката . После 5 неуспешни ивф во земјава одлучив дека наредното ќе е со донирани, исконтактирав со клиниката и ми одредија координатор. Ми ги побараа сите документи и ми закажаа преглед. Докторот се чудеше како на пациент со ниско амх ме клукале со толкави дози хормони. И зошто дури после 5 то ивф е испитан кариотип( а всушност го испитав на своја рака зашто не знаев веќе што да испитам, докторите ме убедуваа дека ситуацијата не е така црна а успех немаше). Докторот ме фати за рака и ми рече дај ми шанса и дај си шанса. Бев скептик ама прифатив. Она што ме купи кај нив е тоа што ми прекинаа еден процес, имаше фоликули ама ендометриумот веќе бил задебелен. Ме советуваа да не се изложувам на трошок зашто 2 фоликули, не се знае дали ќе извадиме јк, па дали ќе се оплоди, па ќе треба да ги мрзниме зашто на таков ендометриум нема имплантација, сума сумарум многу трошок а мали шанси. Кога ќе ми текне дека ми правеле пункција на е2 100, кога ќе ми текне дека естрадиолот паѓал место да расте а ми давале дупли дози стимулации, а ивф на приватно сум терала, ми иде главата од ѕид да си ја удрам, ама кога се давиш за сламка се фаќаш. Нејсе, дојде нареден циклус, се како треба и бидна што бидна. Од терапија најевтиното, најнеопходното и најважно не ти велат само во таа и таа аптека го има. Координаторката ми беше достапна 24/7 и се уште се интересира како сум што сум. Презадоволна сум од се. Иначе почнав на 33 години а успеав на 38, се надевам дека ќе е се во ред до крај.
Да, клиника во Солун, Embryolab, ама мислам дека сите клиники им се добри.Бев одлучена да одам со донирани, а избрав Грчка клиника зашто читав дека работеле со свежи јк и затоа имаат поголем успех. На крај успеав со свои јк. Од денешна перспектива Господ ме прати, да не се одлучев за Грција уште којзнае колку ќе се мавтав по овдешниве клиники.