И јас бев кај неа, за жал моето не беше успешно. Се мислам сега повторно да одам. Многу ми се допадна како доктор, посветена е многу.
I jas sum kaj neaa kazi mi drugo sto piese uspesna li ti bese sto kako i ja ke pijam odma li pocna od prviot den pred ciklusot
Јас бев со краток протокол примав гонал после и цетротиде. Ми извадија 7 јајце клетки, од кои 5 се оплодија, две вративме на трети ден и испесно инвитро. Одма после пункција почнав редостим 2х1, циклогест 2х1, бускопан 2х1, бруфен 1х1, доксициклин антибиотик 1х1 и пролитекс 1х1, два дена пред трансфер дополнително декортин 2х1 и клексан, и еден ден пред трансфер се ова плус такролимус. После трансфер продолжив со редостим, циклогест, аспирин на два дена, такролимус до позитивен тест, декортин 5 дена, клексан и пролитекс.
Систина и Њуборн имаат доста гужва, од искуство со матичната кога и се собра голем број на пациенти, почна да брза и не се посветува како порано па затоа би сакала ако може да споделите како е кај другите доктори во другите клиники во Скопје: Ремедика, Санте и Монбебе.
Кај Лазаревски имав прво ИВФ и успешно. Не зборува многу ама мене тоа искрено не ми менува, се гледа дека знае што прави
Super! Ti blagodaram mnogu! JAs isto se mislam pomegu nea i g-r Mitko Ivanovski od Sistina. Opshto luge me sovetuvaat da gledam da bide podostapen doktorot za komunikacija. Shto islam deka doktorite vo Sistina od pregolema zafatenost bash i ne se...
Mene vo sistina i remedika da mi recat sega dojdi imas besplano sve sto ke posakas nikad u život nema da otidam javno ke kazam ovie 2 bolnici me ostavija pola covek sto se vika
Здраво девојки, среќни празници! Ќе собираме документи за инвитро, па гледав на страната на ФЗО дека треба два спермограма со растојание од најмалку 3 месеци. Дали е така навистина, ако некој сега скоро има пуштено документи, или моментално собира... Претходно знам дека беше растојанието од еден месец само
Здраво, Променето е од 2024, потребни се два спермограми направени со минимално растојание од 3 месеци (може да биде и подолго, ако имате постар..). Потребно е новиот спермограм да не биде постар од 6 месеци и да има минимално растојание од 3 месеци помеѓу двата теста.
Zdravo devojki,edno prasanje Dali na nekoja i se slucilo posle stimulacii da dobie visok pritisok,jas vo noemvri imav neuspesen obid i posle toa mn cudno se osekav,sega pravev ekg i mi najdoa zabrzano srce i visok pritisok i me stavija na terapija
Треба. И мене ми спомнаа да не се од иста здравствена установс. Преферираат еден на приватно еден на државно. Мојот ваучер беше одобрен во јуни 2024
Минимум 3 месеци се потребни доколку претходно не е направен спермограм. Минимум 8 месеци се потребни доколку се бараат 4 инсеминации. Не е важно дали станува збор за приватни или државни установи, важно е да бидат различни.
Zdravo, denes mi e 4-ti den od transfer na 3 dneven embrion znam deka kaj site se razlicni simtomite ama nekoja od vas da mi posoci nekoj od licno iskustvo. Ja imam samo gasovi i mali grcevi, drugo nemam nisto. Pozz