Znam kolku sme nestrplivi site poske transfer,mnogu e rano za bilo kakov simptom kolku mozes uzivaj ovie denovi i ne misli na simptomi nekoj ima nekoj nema simptomi a na krajot imaat pozitiven rezultat,taka da uzivaj si i dajboze da bide pozitivno
Гасови имав, добив и запек. Грчевите почнаа некаде 6/7ден и 8ден имав имплантациски исцедок. На 8ден отидов преку крв да направам тест( ми го препорача ова ивф др за да видиме зошто имав кафеав исцедок) и тестот беше позитивен чексв до 14 ден проверув и бета хцг и тоа беше 600 мислам и на истиот преглед на ехо др виде дека сум бремена
Здраво, јас исто како тебе ми се јави брзо чукање на срцето па дури и до 110 отчукувања одеше и си земав тогаш бипресо, докторката рече дека нема проблем никаков, и дека стимулаците немале такви негативни ефекти и дека не било од нив. А нема врска. Кој ќе им докаже дека не кај секој е исто. Сега примаш терапија за притисок ли, што ти дадоа? Не е ли штетно тоа за плодот, здравје боже...
Neuspesno bese ifv-to,pritisokot mi se pokaci posle toa,a pred 1 nedela otidov na doktor za toa sto mi trebase ekg za vo dokumentacijata,mi dade nebilet,inaku ne sum bremena
И кај мене не беше успешно, ама не заради тоа, а и кој би знаел зашто. Небилет и јас пијам по потреба, се надевам дека нема притисокот да направи проблем за следна постапка. Со нови сили следното да ни биде успешно.
Zdravo ladies, dali nekoja od vas ima iskustvo so pravenje ivf na priroden ciklis vo Plodnost Bitola (i kako pominal)?
Стимулациите што ги примаме ни малце не се наивни, среќливка е таа што нема последици. Конкретно мене, пола коса ми попадна од како тргнав по овој пат ама ајде најмалце битна е, цисти во гради, коски болат како да имам 70, а сега пак докторката ми рече дека ефектот од клексаните се осеќал во климакс па уште повеќе коски болеле, ама нека болат. Конкретно за притисокот може имаат влијание стимулациите а може и на психичка база да ни се појавува. Јас многу ретко во животов сум имала мака со притисок, како дознав дека носам близнаци се преплашив и почна да ми се качува. Да не зборувам колку е стресен цел ивф процес, па ако не дај боже го одиш повеќе пати ехеее. Ама не се плаши има таблети што се дозволени и во бременост, јас пијам метил допа и се е во ред сега.
Priroden cuklus bara Dr da e so ogromen oset I da posveten. Tase deka nesto posvetuva vnimanie ne bi rekla . Lani sakav kaj nego na priroden ciklus, no koga vide deka imam dobar materijal insistiease na kratok protokol. Posto imam ivf iskustvo mu kazav deka ne reagiram dobro na kratok protokol I mu ja dadov semata od pred nekolku mesesi koja bese so dobro izvaden materijal. Toj se prejde so protokolot pre rano dade stop I od 5 jk izvadi 1 kako treba. Pa bez stram insistiease na uste eden protokol za pa sme preavile ERA test koj nikoj vo svetot veke ne go korosti. Ne ti go kazuvam ova da te razocararam ova e moe iskustvo. Moze kaj tebe ke bide posveten. Od iskustvo Dimitrov e maher za priroden ciklis samo ne e posveten. Ke go zavrsi negoviot del maestralno ama za uspeh ima I drugi faktori za koj toj ne dava znacenje. Transfer na TSH 7 imav. Neuspehot e zagarantiean.
Jas pominav edno ivf kaj Tashe, ama od odnosot sum mnogu revoltirana, nikakvi ispituvanja ne pravi prethodno, direk stimulacija. Pa posle na svoja raka najdov deka imam mutacija na MTRR, pa imav i pokaceni d dimeri koi se otkrija na moe ispituvanje. I nasokata od vtoro mislenje sega mi e da odam na priroden ciklus, megutoa se plasam od ona sto napisavte i vie ... Sakav da soberam poveke iskustva pred da se resham sto ke pravam. Dr Dimitrov na koja klinika e? (Sega vleguvam vo ovie vodi i doprva ucam se za doktorite)
Sekoj e so razlicno iskustvo,eve jas sum kaj Tase i imam praveno i so stimulacii i na priroden ciklus,koga pravevme na priroden ciklus mi rece sansite se 50/50 da izvadime da si znaes,jas sum so nisko amh ,a so stimulacii sekogas vadese po 1 j.kletka,tolku i folikuli imav
Iskreno i bas imav stres toj period Ne,na priroden nemav,togas doktorot mi rece kakvi se sansite i me prasa dali da pravime punkcija
Димитров не е за ивф според мене, он само за интервенции е експерт. Иначе за Ера тестот некој погоре спомна дека не се користел веќе, напротив, на мојата другарка во Прага докторите не сакаа да чујат за трансфер без Ера. Фала богу успешен беше и сега си има бебушка. Може за нејзе како поедини случај било така, но сепак се користи и очигледно има резултати дали ради него или не никогаш нема да знаеме.
Девојки здраво. Јас сум на 11 ден од трансфер, симптоми немам никакви, и ми копка неизвесноста. Какво е вашето искуство со домашните тестови, дали се веродостојни после трансфер? Не знам дали утре да направам домашен тест, некако се плашам од резултатот. Инаку во вторник треба да испитам бета ама не ми се дочекува.
Јас правев ИВФ кај Димитров пред 6 месеци, прв пат и успешно. Презадоволна и од односот и од стручноста, топла препорака.
Dimitrov Za Era citav dosta j za plus paketot so Ema i Alisa mislam bea I bas Tase gi nudi I kosta cc 1700 eur paket . Garancija za uspeh ne se, ne se dovolno istestieani I mnogu od doktirite ne gi rabotat. Za Era razgovarav so Petanovski od Remedika I so Dr od Solun. I dvajcata mi go dadoa istiot odgovor deka e nedokazen kako efukasen metod i istocremeno e skap . Vo odnos na transfer posto toa e Erata naj releevantno e ehoto I hormonalniot status za pred transfer, embriologot I Dr koj go pravi transfetot. I sekako da e embrionot genetski zdrav. Porazumno mi e da se nudi PGD na embrioni otkolku Era. Mada vo MK na nasie embriolozi taa doverba ne bi im ja dala za PGD testiranje.
Ако ти е 5дневен ембрионит, слободно можеш утре и домашен да направиш. Јас со два 5дневни на 10ти ден имав бледа линија.
Dali mozi da mi kazis za pgd testot, kako izgleda (kako se pravi) i kade go pravat kaj nas? Ne sum znaela da ima moznost i za vakvo nesto, ama tuka se ke naucam