Zosto ne napravite ispituvanje kaj soprugot taka najdobro ke doznaete sto i kakva e pricinata, ako voopsto ja ima .
0,780 AMH извадени две јк од кои само едната зрела за оплодување и неуспешен трансфер. Прво инвитро и досега единствено.
За рефундација на клексани ти треба извештај од трансфузиолог дека треба да примаш клексани. Одкога го добиваш извештајот ги купуваш па матичниот те води кај него од таа дата дека ги примаш кај него врз основа на извештајот од трансфузиолог. Со сметкопотврда, фискална, потврда од матичниот за примени клексани и извештајот од трансфузиолог поднесуваш во фонд.
Ти благодарам. Имам извештај од трансфузиолог, фискални со сметкопотврди. Прашањето ми е кој матичен ми дава потврда за примени клексани: општ матичен или гинеколог матичен?
Гинеколог. Извештајот од трансфузиолог треба да е од државно,од приватни не признаваат. Се вмешав јас неповикана.
И јас така знам. Но, гинекологот не ми даде. Не можела пред бременост, дури откако ќе биде потврдена бременост, ќе ми дала таква потврда. Ме збуни, па затоа и овде прашав. Примав клексани пред трансфер и после трансфер, и за овие клексани не ми даде потврда. Ми рече кај општ матичен да одам.
Можеби пред бременост да не може,не знам, јас клексаните после трансфер не ги рефундирав,после почнав после позитивната бета. Нека каже некоја членка дали може мат.гинеколог да даде потврда,мислам дека може.
Neznam zosto ginekologot taka ti rekla. Clexane primam 15 dena pred transfer I posle do napraven test. Po neuspesen test maticniot ginekolog mi izdava potvrda deka sum gi primila inekciite. So izvestajot od transfuziolog I potvrdata od mat. Ginekolog I fiskalnite so smetkopotvrda odam vo fondot . I gi veakjat parite milsam 70%
Не не треба да ти даде матичен гинеколог потврда, мене ми давале иако ивф не беше успешно. Ако не е успешно по него неможеш да рефундираш.не е така…
Значи, сепак гинеколог треба да ми ја даде таа потврда. Не ми е јасно зошто ми рече дека не може. Ќе мора да сум упорна.
Здраво, дали некој го имаат вратено од фондот за докомплетирање на документите со кариотип од двајцата партнери? Дали после доставување на тој документ може пак нешто ново да побараат или е финално само тоа што е наведено? И дали знаете каде е најевтино за испитување кариотип на приватно?
Ми давале и општ и гинеколог. Единствено што сакале е пред да ги купам односно одкога го зимам извештајот од трансфузиолог да им се најавам. Најверојатно и они истата дата да евидентираат.