Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    248 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    189 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    55 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    34 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    19 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    96 глас(а)
    5,9%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    76 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    108 глас(а)
    6,6%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    104 глас(а)
    6,4%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    298 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    260 глас(а)
    15,9%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    31 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,4%
  15. ГАК (Сите доктори)

    45 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,6%
  1. Megimeow

    Megimeow Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2020
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Da,ginekolog,mene po neuspesnite transferi ginekologot mi dade potvrda i so nea refundirav
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.851
    Допаѓања:
    34.786
    Пол:
    Женски
    Зарем и ова го бараат од Фондот?
    Јас лани кога поднесував документи вакво нешто не ми побарале.
     
    На Hope IT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MysticAura

    MysticAura Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    и јас сум изненадена.. никаде во правилникот не се спомнува кариотип.. затоа ме интересира дали ова е финално или кога ќе го доставиме ова може да бараат нешто друго
     
    На Orhideja7593 и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.851
    Допаѓања:
    34.786
    Пол:
    Женски
    Па штом не ти побарале и друго би требало да е финално.
    Ама и јас се збунив зошто побарале кариотип.
    И амх не бараат освен ако фсх е високо.
    Ама за кариотип прв пат слушам, нека кажат тие што брзо поднеле документи.
     
    На Iva_Iv, Hope IT и MysticAura им се допаѓа ова.
  5. CvetCvet

    CvetCvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Може матичен гинеколог да ти даде потврда и пред бременост, јас месец и нешто пред трансфер примав клексани и не ми направила проблем никогаш, штом имаш извештај од трансфузиолог оди и побарај пак мора да ти даде.Во тој извештај ќе и кажеш од кој до кој датум да пише дека си ги примала(согласно извештајот од трансфузиолог).
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. АселМаликМедови

    АселМаликМедови Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Dobro večer dragi dali ke moze da mi kaze nekoja posle menzis koga se pravi transferot so zamrznati embrioni koj den od ciklus se vrakjaat?
     
  7. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    4.234
    Пол:
    Женски
    Зависи како ќе се задебелува ендометриумот. Обично меѓу 14 и 16, 17 или 18 ти ден од циклус.
     
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.063
    Допаѓања:
    21.706
    Пол:
    Женски
    Ај да се умешам, колку треба најмалце да е ендометриум?
    Ние задутре сме на инсеминација
    Денес 13 ден, фоликул 20мм, ендометриум 11.
    Вечер стоп инекција и здравје боже четврток идеме.
    Имам болки во јајник веќе втор ден.
    Др вика таман ќе ја фатиме.
    А мене ми е да не пукне во меѓу време.
    Ич не се разбирам, се ми е шпанско село.
     
    На Ivana.swiss и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  9. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Женски
    Супер ти е и фоликул и ендометриум. Болките нека не те бунат не значат овулација. Убаво ти рекол докторот на време ќе фатите се. Ви посакувам успех и да ја израдувате ќеркичката со бебе, знам дека она најмногу посакува.:inlove:
     
    На Izzy_0504 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.063
    Допаѓања:
    21.706
    Пол:
    Женски
    Да, она е душа моја...
    Едвај чека.
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vamutamu2

    vamutamu2 Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам со ваучер од фондот за ин витро, отприлика колку дополнителни трошоци ве кошташе целата процедура? Пр, дополнителни 1000 eur? 2000? што плаќавте приватно, односно шшто не покрива ваучерот?
     
  12. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Супер ти е дебелината на ендометриум и големината на фолекулот во време на стоп инекцијата. Фолекулите обично пукаат 36h до 48h часа после стоп инекција, а јајце клетката живее и до 24h. Нема да утнете, со среќа!
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Ако одите на природен циклус и следите овулација, се враќаат онолку денови по овулација колку што ти се стари ембрионите. Пример, ако овулацијата ти е на 14ден, а ембрионите 5дневни, трансферот ќе биде на 19-тиот ден.
    Ако не одите на природен и следите ендометриум веќе ти одговориле погоре. Со среќа!
     
  14. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Ваучерот не покрива доколку е потребно да искористиш повеќе инекции од пропишаните, не ги покрива цетротиде - тоа се инекции што ги даваат неколку дена да не пукнат фолекулите додека уште трае стимулацијата, тие се околу 2500мкд една (може да се искористат 5-6). Во NewBorn не ја покрива стоп инекцијата Ovitrelle, во Систина споделуваа дека ја покрива ваучерот, една е околу 2300мкд.
    Терапија после пункција и трансфер не е покриена, најчесто клексани (еден е околу 200мкд) и прогестеронска терапија, од кои најскапи се Prolutex, обично тие ги даваат, една е 560мкд, а се примаат од пункција до позитивен тест (рачунај најмалку 14 дена). Потоа циклогест, кринон гел или утрогестан исто од прогестеронска терапија, тие се со различни цени, прогестеронска терапија, со вагинална апликација, зависно што ќе ти даде докторот, кринон е најскап мислам околи 200мкд парче. Подолу список од тоа што го покрива ваучерот:
    Screenshot_20240326_143828_Chrome.jpg

    Доколку ви останат ембриони, замрзнувањето и чувањето не го покрива фондот.
     
    На Orhideja7593 и vamutamu2 им се допаѓа ова.
  15. vamutamu2

    vamutamu2 Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу на исцрпниот одговор. Но терапијата со клексани претпоставувам е индивидуална и зависи од случај до случај? не ја примаат сите? знаци претежно терапиите и апчињата се доплаќаат дополнително? што е со прегледите и првична консултација? знам дека на приватно е на секое одење за нешто и преглед се плаќа. Дополнително колку често отприлика се оди на прегледи, колку често излегувавте од работа?

    Прашање што ми е многу битно, како на вас влијаеше периодот на стимулација? Дали ви пречеше на обавување на секојдневните обврски? Дали продолживте да одите на работа додека бевте стимулирани?
     
    На Orhideja7593 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pearl44

    Pearl44 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, имам Профертил фемина ги продавам по 10 евра лента, во аптека се околу 25 евра лента. Доколку е некој заинтересиран нека ми пише.
     
  17. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    4.234
    Пол:
    Женски
    За клексани е индивидуално, но многу често ги даваат. Од нив може само бенефит да се има.

    Прегледите се 2 до 3, зависи од ситуација. Нормално се функционира и се оди на работа. Обично стимулациите се примаат попладне или приквечер, кога ќе си дома.
    Со лесно!
     
    На Orhideja7593 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hannybanny

    hannybanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    За време на симулацијата се оди неколку пати за следење фоликули и хормони се испитуваа еднаш. Тоа не платив ништо плус. Терапијата пошто е хормонска влијае на расположението барем кај мене така беше. Плачев на романтични филмови плачев на глупости, бев чат пат нервозна и многу се потев навечер. Одев на работа, после работа одев да ме боцкаат пошто не можев сама, возев без проблем. Само емоциите ми беа збудалени другото си беше ок.
     
  19. hannybanny

    hannybanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    За доплаќање вон Ваучерот зависи каде ќе правиш ин витро ама трошоците не би требало да надминат 300 до 500 евра зависи што се од терапија после трансфер ќе ти дадат. Мене се вкупно од апчиња и инекции за 14 дена ме чинеа 24 000. И бета хцг платив плус 1200. Клексани мислам без исклучок на сите даваат поради хормонската терапија.
     
    На Orhideja7593 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    1.499
    Пол:
    Женски
    Ne e najsjajno . Desniot e zapusen .
    Leviot e ok .
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.