@meggle денес добив одговор дека барањето е примено и ќе биде разгледано на следната комисија. Кога ќе биде комисијата не добив одговор.
И јас сум на мисла да правам таму во иднина (за втора бременост) баш поради разните методи на оплодување. И кај нас проблемот е висока ДНК фрагментација и во претходните обиди во др клиника многу добри јк не ми се оплодија. Жал ми е што поради тоа пак ќе треба да го поминувам истото, наместо да правам само трансфер на веќе оплодени јк.
Го немало во фондот сега ми бараат од пошта потврда дека не ми е доставено и да ми дадат препис на писмото а од поштата не можеле да издадат даков документ ке се шекнам веке од 15.10 ми е поднесено и никако да го добијам ваучерот
Јас кога доставив дополнителни документи чекав 5 недели и отидов во Фондот, од таму ми кажаа дека ми го пратиле, отидов во пошта ми го немаше, ми бараа број на пратка, па другиот ден повторно отидов во Фондот и ми го најдоа во архива.
Дали некој има искуство со фондот откако бил вратен за докомплетирање документи, после доставување на тие документи на следна комисија да му побараат други документи или само еднаш бараат да се докомплетира и потоа одобруваат за ваучер?
Здраво на сите, денес поднесував документи во фонд но на крвната слика имав висока седиментација. Дали мислите дека за тоа би ми барале нова крвна слика со средена седиментација?
Здраво, денес случајно дознав дека правеле ивф и во гак и тоа Тофовски ги правел (колку што разбрав). Другарка била на контрола кај него и меѓувреме влегла некоја од вработените и му се обратила докторе сите жени од кај вас се бремени. Такада мислам дека и да се проба на гак не е лоша идеја со тоа што за краток период имаат доста позитивни случаи.
Здраво, сакам да се информирам околу anti tpo и anti thyroglobulin, кај мене вредностите се ниски, има ли некој да сподели со ниски вредности?! Кажано ми е да одам на ехо за тироидната...
Пункцијата односно вадењето на јајце клетките се прави со целосна анестезија што значи дека дента нема да бидеш способна за ништо освен да спиеш, барем кај мене беше така. Наредниот ден одиш на работа нормално.
Зависи колку фоликули ќе има. Јас бев со краток протокол ама имав само 2 фоликули една мислам околу 10мм друга 20мм пункција правев без анестезија за 30мин ме пуштија и освен грчеви во стомакот како менструални болки немав друг проблем.