Јас имав редовен циклус па ми препишаа микрогинон, исто кај Ивановски бев, ама не ни испив 21 како што требаше, ми ги прекинаа и почнав со стимулации.
@Anyshka мене најмногу ради цистите ми го даде мислам и ми рече да пијам по 21 ден, ова ми е втор месец, склона сум многу на цисти. Сега чекам одговор од фондот за ваучерот, па да се јавам кај него за да ми даде шемата, така се договоривме.
Мене матичен ген. ми даде упат за на гинекологија и таму ми дадоа извештај дека сум со ивф трансфер и дека поради мутации морам да примам клексани, беше наведено и кое ивф ми е по ред мислам. И со тој извештај, потврда за примени клексани и фискална и сметкопотврда, трансакциска сметка ги поднесов во фонд и ми вратија средства за клексаните, а се работеше за 10 инекции. После со позитивен тест им е полесно заради шифрата знам дека мене во гинекологија ми ја сменија шифрата на извештајот за да немам проблем со фондот
Можеш и од општ и од гинеколог, имам доставувано и од двете места. Јас не сум од ск па за викенди ми барат потврда од брза помош
После 4/5 дена. Ама многу ми беше лошо мислам дека ќе полудев. Се јавив прашав ми рекоа дека е нормално поради хормонската терапија.
Здраво, имам едно прашање до вас. Ќе правам инвитро и се мислам за Скречинг дали да му предложам на докторот да направиме. Тој се уште не ми го предложил тоа. Дали ќе има поголем успех со направен скречинг
Skrecingot ne e presuden za uspehot . Nema pravila nikakvi invitrovo. Ako sakas ti napravi skrecing kako plus sansa da bide i konsultiraj se so doktorot plus . Nema steta
Здраво, да прашам дали некоја од Вас набавувала Пролутекс од Србија зошто гледам таму се околу 2500 денари што е голема разлика од тука кај нас.Треба да ги боцкам до 12та недела после Фет?
Јас редовно набавував од Косово,а некогаш и од Грција. Од Косово беа на пола цена. Во Турција се најевтини, околу 2000 ден не беа таму. За Србија не сум знаела дека се толку поефтини. Ама пролутекс си е пролутекс.Ако се на IBSA слободо си земај од таму