И пишав на членката погоре во порака. Еве и тука ќе пишам. Јас имам 26 години сите хормони во ред естрадиол, лх, фсх мерени повеќе пати на 3 ден од циклус. Антрални фолекули на ехо секогаш имам над 10 , само тој месец кога мерев амх имав 1 антрален фолекул на десен а на левиот 7-8. И ми имаат кажано дека амх не е мерило за плодност доколку основните хормони се нормални. Во медицината не секогаш 1+1 = 2.
Така е, јас со 0.3 амх сум природно бремена. Претходно ивф не беше успешно. Како Господ што е никој не е
Zenski ova mene me spotera od vcera krajnici me fatija, prbo edniot, sabajle oteceni i dvata. Se sto bese na prirodna baza probav, od med, gjumbir, limon, gargara so soda, paracetamol so vitamins C, supa so biber... I bev da napravam krvna slika, leukocitite mnogu bea pokaceni... Ginekologot mi dade Ospen od 100000. Vika podobro taka, bidejki veke imam napraveno i gnojna angina... Lelee na nikade ne sum
Незнаеш колку познавам кои до 8 недела не знаеле дека се бремени и пиеле и антибиотик, и алкохол... здрави прави деца имаат. Да ти се среди ова и бета позитивна да имаш за некој ден.
Здраво лавици мои Повеќето се сеќавате на мене. После првото неуспешно ивф и пауза од 7 месеци решив да се активирам пак во темава и да ги превземам работите во свои раце повторно.Имаме една замрзната бластоциста,која се надевам дека е во ред.Сакаме да пробаме трансфер со замрзнат ембрион.Имам тенок ендометриум за кој морам да се боцкам пак,таблетки не ми делуваат баш,нејсе,ме интересира општо за трансфер со замрзнати како се одвива,дали е поедноставно од стимулирано ивф,колку прегледи се прават итн…Уште не сум спремна психички,а богами и физички(место да намалам килограми јас стагнирав,дури и малку се здебелив),сма сфатив дека времето ме гази и морам да побрзам. Од 21 јајце клетка,се деси ДНА фрагментација,ми вратија 2 ембриони како најдобри а еден замрзнаа,каков е тој не знам и не можам да знам,се надевам дека ќе успеам. Секој совет е добредојден. Ве гушкам
Многу поедноставно е. Нема боцкање, може да ти дадат естрофем за ендометриум, а може и скрос на природен циклус на одите. Се оди 2 до 3 пати на преглед.
А можно ли е докторот да одлучи да одиме со стимулации,а замрзнатиот ембрион да го чуваме? И зошто? Имам читано и такви случаи овде.
Ne , toa zavisi od tebe. Ako e tvoja zelbata da odite so Nov stimuliracki proces togas ke zapocnete so stimulacii, ako ne ke te se sprema za transfer.
Mislam deka kade i da se odlucite da pravite ivf, materialot sami go kupuvate fondot ne go pokriva toj trosok