Не би требало. Ако се договорите за трансфер со замрзнати, тогаш одите со таков трансфер. Ќе си кажеш дека не си подготвена повторно за стимулации. Едно време викаа дека трансфер со замрзат ембрион има поголеми шанси за успех. Дали уште важи ова, не знам, но е многу полесна процедура. Прашај го што мисли за ембио глу, а исчитај и ти. Поголеми се шансите за имплантација.
Да знам за тоа, ама верувај прашав сегде и секоја клиника има различни цени за материјалот иако сите од исто место ги порачуваат (од 1500 до 2000 а Систина и 3000 евра). Затоа ме интересира колку е преку Гак.
Кога влегуваш на гак од десна страна покрај лифтовите имаш врата на која пишува Цитологија. Тука ќе влезеш со упатот и после тоа одиш лево од шалтерот во соба 32 мислам дека беше каде што ќе ви земат крв. Ние правевме во мај 2023 плативме 1400денари а резултати мажот ми доби за 10дена, а јас после 1 месец.
Nemoj da koristiš dzmbur ako čekaš test za bremenost vo edno intervju doktor tatjana gruzateva od newborn kažuvase rizik e za embrionot i ne smee nikako da se koristi vnimavaj
Шансите за успешна бременост зависат од многу фактори, но генерално, замрзнатите (FET – frozen embryo transfer) и свежите ембриони (fresh embryo transfer) имаат слични или дури и подобри успеси во одредени случаи. Споредби на шансите: ✅ Свежи ембриони: Понекогаш имаат малку поголеми шанси за имплантација, но ова зависи од квалитетот на ембрионите и состојбата на матката. Кај жени со високи нивоа на естроген по стимулацијата, свеж трансфер може да намали шансите за имплантација поради неповолна средина во матката. ✅ Замрзнати ембриони (FET): Современите техники на замрзнување (вителификација) обезбедуваат висок степен на преживување на ембрионите (90–98%). FET може да даде подобри резултати бидејќи му дава време на телото да се опорави од хормоналната стимулација. Некои студии сугерираат дека FET има малку повисоки стапки на успешна имплантација, особено кај жени со синдром на полицистични јајници (PCOS) или кај оние со ризик од хиперстимулација. Заклучок: Во последните години, многу клиники претпочитаат FET бидејќи им овозможува на матката попогодна средина за имплантација. Меѓутоа, секој случај е различен, и најдобро е да се консултираш со лекар за стратегијата што најмногу одговара на твојата ситуација.
Веројатно прашува дали е можно да и е таа вредност на амх со оглед на годините кои ги има членката,а не дали може да забремени
Devojcinja vie sto imate iskustva Ve molam da spodelite, dali e podobro transfer na eden ili 2 embrioni. Zosto i jas sum slusala deka e podobro eden , a vo nasiot slucaj stavija 2 od koi edniot bese dobar, drugiot pomalku dobar... Pa rekoa barem edniot da, se zadrzi, a moze i dvata ne se znae
Шансите да се постигне бременост се поголеми кога се трансферираат 2 и таму каде што нема ризици од близначка бременост и има ембриони мислам дека самите лекари предлагаат да се оди со трансфер на две. Јас имав трансфер на две бластоцити од кои едната не беше доволно добра за да ја замрзнат и затоа избравме да и дадеме шанса со што трансфериравме две, но за жал беше неуспешно.
Јас имам правено со embryo glue и беше неуспешно. Ако правиш во Систина прашај за прп во матка пред трансфер. Мислам дека те прочитав дека имаш тенок ендометриум, дали си правела некое испитување на ендометриум? Брис, биопсија? Мој совет ако не си правела да си го испиташ пред да продолжиш понатаму, јас поминав три неуспешни трансфери без испитан ендометриум, исто тенок ми беше па ме тупаа со естрофем, кога на биопсија излезе проблем кој беше решлив, се реши и следен трансфер беше успешен.
Девојки имам две шишенца метилирана фолна на now со по 90 апчиња, со рок до 08/2025. Би ги дала за 900 мкд по шишенце ако му треба на некој.
Utre mi e 12 den od dobieno , se spremam za transfer na priroden ciklus . Utre mi rece dr da ispitam E2 i Lh . Koja vrednost spored vas treba da bidat za da ima uspeh daj boze veke aman
Od 07.45 ili 8.00 taka nesto. Ako ispituvas prolactin mislam bese da ne si pokasno od 8.45. Taka nesto mi se vrti vo glava .