Немам испитано до сега ништо во врска со ендометриум. Објаснувањето на докторите е дека ми е тенок затоа што сум со ПЦО и ,,едноставно е таков”. Ќе му предложам на докторот.
Здраво, сакам да прашам каде на приватно правевте кариотип и колку чини, каде е најевтино.. матичниот не може да ми најде термин и тоа е. Фала
Има термин на 28-ми за кариотип (види слика). Ако сè уште важи, пролетта кога прашував Систина – имаа пакет за двајца од 12000. Рамус за двајца беше околу 17000, а Плодност 18000. Што се однесува до времето за резултати: Систина ми кажаа дека ги издаваат за 2 недели, Рамус ми кажаа дека е повеќе од еден месец (ги праќале во Бугарија), Плодност ми беше кажано најмногу за 1 месец, но јас чекав повеќе од 2 месеци. https://mojtermin.mk/map/specijalis...ginekologija_i_akusherstvo&resource=873745910
Има термин за 28 февруари сега гледав на мој термин, отвори и види. Можеш да и се јавиш одма на матичната да ти фати термин, уште неколку се.
Термини за кариотип тешко… Мене матичниот гинеколог ми даде упат за кај доктор специјалист на ГАК, па нејзе ја замолив ако може да ми заврши работа. Жената се јави на цитологија, даде упат за мене и за сопругот, отидовме таму со упатите и ни кажаа на кој датум во колку часот да отидеме за да ни земат крв. Ете така завршив работа, инаку плативме 1400ден за двајцата.
Само да пишам дека денес ми стигна писмото за барањето (завршено на 22 јануари а аплицирав 2 јан) и бараат дополнителна документација. -Хсг снимката (извештајот го пратив) - АИХ на ГАК (најверојатно е инсеминација) ако е тоа апсолутно е неосновано затоа што немаме никакви шанси за инсеминација, со машки фактор тежок (сите доктори кажаа) дури и напраивме на приватно 3 дека ај во случај да бараат. Чудно не очекував ова. Се прашувам од кои се состои комисијата.
Како да го читам моето барање за дополнителни испитувања.. (СЛИКИ ОД ХСГ, УШТЕ ЕДНА АИХ) ХСГ снимката веќе ја имаш, така што тој дел е во ред. Јас имав ЦД, но на почетокот не го испратив (испратив само извештај) бидејќи матичната ми кажа дека извештајот е потребен. Имавме една инсеминација поради машки фактор, што јасно не ги исполнува условите за останатите АИХ, но… Кога го добив барањето за дополнителни испитувања, и матичната и докторот ми рекоа дека морам да доставам сè што е побарано за да се одобри ваучерот. Сега дополнително потенцирале и каде треба да се направи АИХ (инсеминацијата), што навистина е нелогично. Но, според мене, ќе мораш да го направиш тоа што бараат за да го добиеш ваучерот.
Душо со машки фактор бевме и ние со 4 инсеминации побарав ваучер и ми одобрија не ми побараа ништо. Е сега дали имавме ние среќа не знам на 3 октомври поднесов документи на 19ти добив одговор за одобрено ивф преку фонд
Јас покрај извештајот од ХСГ ја приложив и сликата од ХСГ-то,на неа јасно се гледа дали е проодно или не,ако веќе не сакаат да го читаат извештајот
Да чудно е што кажуваат каде и башка на таков резулат не се ни прават инсеминации, само сакаат да добијат на време. Неисе ќе напраиме што треба. Само си мислам хсг то од Толовски како да им го дадам. Дали да го сликам со мобилен или ренгенот се дава?
Мислам дека треба да го дадеш Ренгенот, бидејќи кога ја прашував матичната ми спомена дека претходно, кога имале само Ренген без извештај, секогаш поминувало, а сега со извештај, каде што е сè јасно, слики бараат, што се чини нелогично. Не сум сигурна дали имаш опција да го копираш, но кога јас прашав за слика од ЦД, ми рекоа дека треба ЦДто да го испратам. И јас мислам дека само трошат време додека ги одобрат ваучерите, со цел да има помалку одобрени ваучери. Јас чекав месец и пол за барањето за дополнителните испитувања, а потоа уште два месеца.(по поднесување на дополнителни испитувања)