Имавте ли некакви резултати сите што зимавте ДХЕА? јас сум со слаба резерва, а читам дека помагало, па сакав да слушнам искуства
Jas osetiv podobruvanje da , se zgolemi brojot na folikulite na eho. Pred da ja koristam bidejki odev so klomifen samo , sekogas vadea po 1 j.k. a nekogas i niedna. Od koga ja koristev 3,4 meseci potoa sekogas po 2 j.k. vadea. Valjda e od nea so da kazam
Пијам веќе неколку месеци немам никакви промени осетено едино знам дека докторот ми рече дека со тоа би се подобрил квалитетот на јајце клетките . Секако бројот никогаш и со ништо неможе да се подобри барем со подобар квалитет да се. (Имавме едно неуспешно инвитро и иако се беше супер и јас бев добро покриена со терапија не беше успешно, докторот сугерираше да земаме суплементи двајцата некој период за подобрување на генетскиот материјал со цел успешна имплантација...па здравје ќе видиме) DHEA би требало да ги созрее и тие останати мали резерви, како што старееме имаме се помалку јајце клетки и истите се со послаб квалитет
Кај мене немаше никаков ефект, ја пијам од ноември, дотолку повеќе на последново ехо немаше ниеден фоликул
Конкретно немам искуство со фолиномел, но од месецов почнав да ги пијам состојките на фолиномел посебно само малку модифицирано. Фолиномел содржи 4гр миоинозитол, 1гр мелатонин и фолна, а јас земам по 3гр миоинозитол и мелатонин и посебно си пијам метилирана фолна. Веднаш забележав промена во циклусот, минатите месеци цело време овулирав рано, на 10-11ден, а сега на 14ти. Тоа всушност и е улогата на фолиномел, да ги регулира циклусите. Миоинозитолот го регулира шеќерот во крвта, намалува подуеност, мелатонинот е за подобар сон и според многу студии подобрува квалитет на јајце клетки. Јас се спремам за ивф па ќе видиме. Рано е се уште да носам заклучок но први впечатоци ми се дека ќе ми помогне со циклусот.
Викаат дека по 3 или 4 месеци почнува да делува, ајде да се надеваме дека следниот месец ќе имаш подобрување
Ќе може ли некој да ми сподели мислење за хормониве? Ми требаа за ваучер,не знам Е2 од што може да е толку високо.
Заостанат колабиран фолекул од претходен циклус (т.н водена циста) или сега ти тргнува да расте некој голем фолекул, мене ми се има случено и тогаш фсх ми беше најнизок воопшто. Не ги дадов тие хормони за ваучер, чекав следен месец. Е2 лажно го намалува фсх и вака е можно да ти бараат амх, тоа веројатно го знаеш.
Ти благодарам на споделеното искуство,а знам дека ќе ми бараат амх.До сега никогаш не ми било толку високоЕ2,затоа не ми беше јасно.Ќе чекам следен циклус.
Здраво на сите, повекето овде имате повеке искуство ми треба совет/информација... Ситуацијата кај нас е следна, јас имам 27 год. сопругот 30, 2 ипол год неуспешни обиди за бременост. Во јуни правев хистеро лапаро кај др. Димитров и сум со една туба но на страната кај што ми е прооден каналот не секогаш имам овулација една пречка, и сопругот има теренска работа и често не е дома по неколку дена втора пречка. Во јануари ни беше првата неуспешна инсеминација. Прашането ми е дали да продолжиме со инсеминациите, дали има шанси да ни одобрат ваучер без 4 иуи или да размислиме за приватно ивф во њу борн. Извинете на долгиот пост, поздрав до сите
Маж ти има направено спермограм, ти што имаш испитано? Тоа дали ќе ви одобрат без инсеминации зависи од вашата дијагноза, нас ни одобрија ваучер без инсеминации, плус доктор специјалист ми напиша во извештајот кога правев 4Д ехо.
На државна да правам 4Д Ехо? Имаме спермограм од 02.2024 уреден е ке прави пак, јас хистеро лапаро хсг пап и брисеви.
Сега по ново барале 2Д и 3Д (нека кажат тие што брзо поднесувале за ваучер). Јас правев во Њу Борн, ја прашав тогаш матичната дали прави 4Д ми кажа не. Хормони немаш испитано?
Ако немате никаков друг проблем мислам дека најмалку 2 ќе ви бараат. Да направите уште една и доколку е неуспешна веднаш да поднесеш за ивф, сега брзо за месец дена даваат одговор и ќе знаеш на што си. Ако сопругот не е тука да прашаш со замрзната сперма како оди? Мислам беше три примероци за 400 евра така нешто, нека каже кој има искуство.
Нас со направена лапаро-хистеро, хсг, спермограм дијагноза астеноозоспермија, две инсеминации неуспешни и извештај од докторот дека имам намалена оваријална резерва ни побараа дополнително уште една инсеминација да доставам и амх. Сега ќе правам трета инсеминација. Изгледа како ќе им текне прават, не знам што да кажам.