Не е баш нова метода, се применува одамна. Тоа е гребење на ендометриумот, за кое порано се мислело дека ја зголемува шансата за имплантација. Но, не се покажала како многу успешна метода. Со гребење може да се повредат некои клетки/делчиња на ендометеиумот и да не вроди со резултат. Секако, размисли си и консултирај се со твојот доктор. Може кај тебе ќе има позитивен исход.
Извини што се вклучувам.... Точно е дека двете методи не се нови, но имаат различни цели и начини на примена. За да нема недоразбирања, @Zvezda. пишуваше за assisted hatching на ембрионите, а не за ендометриално гребење (што да,ендометриалното гребење не се покажала како многу успешна метода).
Во Њуборн правев јас со ваучер бев и на извештајот стоеше assisted hatching дека е користено ама тоа е далеку од гребење на ендометриумот нема врска со тоа , сосема друга метода е. Во Њуборн секако го прават тоа не дека те прашуваат да бираш.
Јас правев во New Born инвитро и го применуваат кај секого, јас на крај видов во извештајот дека е применета таа метода и не ја наплаќаат плус, кај мене успешно инвитро
Да, во право си. Различни методи се. Не знам зошто се префрлив на "гребење на ендометриум". Но, ете, нека стои и тоа како објаснување.
Assisted hatching (Асистирано џваќање) во IVF процедура е техника која се користи за да се помогне ембрионот да се ослободи од својата заштитна мембрана (zona pellucida) и да се имплантира во матката. Ова се прави во случај кога мембраната на ембрионот е премногу дебела или кога постои некој друг проблем кој го отежнува процесот на имплантација. Процедурата обично вклучува микроинјекција или лазерско пробивање на мембраната за да се олесни излегувањето на ембрионот и зголеми шансите за успешна имплантација. Овој метод се користи во специфични случаи, како што се постари жени или кога има неуспешни IVF циклуси.
Не е точно дека се користи кај постари жени и при неуспешни ИВФ.Кај мене го користеа при привиот трансфер и не сум постар женаОставија на мене да одлучам дали сакам или не.Доплатив 110е.
Кај мене беше прво и успешно ивф и има 30г, само зависи каде правиш ивф, јас воопштно не ни знаев видов во извештајот дека направиле Assisted hatching и не ми го наплатија
Јас се боцкав со Овитрел и не ми ја наплатија во Систина, имаше и друга членка исто не и' ја наплатиле.
Знам, исто со една членка не убедуваа дека Овитрел не ја покривал Фондот, ама мене не ми ја наплатија, ја платив кога правев приватно, ама со ваучер кога бев не ја платив. Ти мислам дека и сега беше во процес на ивф, па ете сподели понови информации. Со среќа, да си имаш лесна бременост.
Здраво сакам да прашам дали некоја од вас има правено ЕРА тест како оди процедурата и дали од резултатот на тестирањето водеше да добиете позитивен резултат ?
Во њуборн се наплаќа без разлика дали си со ваучер.За другите клиники незнам. Секаде различно.Ова е од мое лично искуство
Храбри идни мами Дали некоја од вас има контакт од др Зоран Петановски ? Доколку имате ве молам пратете ми порака Фала ви
Zdravo, aj predlozete dobar endokrinolog na drzavno ( od iskustvo). Mi treba za TSH da mi regulira 3.5 mi e a treba okolu 2 da bide Se mislam megu katerina adamova, iskra bitoska i sinisa na patofiza
Јас имам правено едно инвитро неуспешно беше. Ама имам и 4 операции каде 2 пати ми е отворена матката последната ми беше на 1мај нема ни година. Затоа се одлучив на оваа метода и сум 35 години. Па сега Господова работа и верба. Што и да е мора да сме борбени. Фала ви за споделените искуства за две недели ќе имаме резултат. На сите ви посакувам позитивни резултати.