Мене супер ми беше Кринон.Поскапички се ама вреди.Едноставно се аплицира и немав нус појави,за разлика од Утрогестан вагиналетите од кои бев многу поспана откако ќе ги ставев, подуена и гладна
Кога веке ги имаш користено утрогестан сакам да те прашам дали ги имаш пиено место ставано вагинално во недела сум на крштевка кума што значи дека морам да присуствувам баш во толку часот како што треба да ја ставам вагиналетата па незнам дали имат исти ефект доколку можеш да ми одговориш
Јас го користев од трансфер па се до 12та недела, немав никакви негативни ефекти од него и убаво лесно се аплицираше.
немој да ги пиеш освен ако доктор не ти каже. Еднаш по препорака на др. морав да се напијам и бев како дрогирана. Омалаксав и легнав со вртоглавица да спијам. Спиев 3/4 часа. Така да немој ако нема потреба. Не е страшно еднаш да промашиш некој час.
Не сум ги пиела никогаш,не сум ни прашала.Мислам дека не се препорачува да се пијат дека се јаки,да не направат проблеми со желудникот,ама има членки кои ги пиеле,нека кажат искуство.Јас кога ги примав лето беше и вечерта тргавме за Грција и пред тргање две ставив у размак два саати (таа што требаше да ја ставам вечерта и таа сабајле) и после бев цела поспана ко издрогирана ко шашардисана Ама и онака не ми одговараа како што пишав претходно.
И јас тоа мислев да кажам. Стави ја сабајле пред да станеш да се спремаш за на крштевка,не мора точно толку да е.
Јас ставав вагинално утрогестан матичната ми рече да ги ставам пред спиење така и правев, ако ти рекле вагинално тогаш во сабота пред спиење за да има време капсулата да се стопи оти чат-пат останува бело од нејзе
Јас и навечер и на сабајле мислам ги ставав.Нема врска.Може да си навие аларм сабајле,да си стави и да си полежи уште малце па да стане,јас така правев. Во 6:45 ставав вагиналета,во 7:30 станував за на работа.
2 по 200 ставам затоа морам и сабајле и вечер а ако сменам за 1 час порано мислам дека ништо да згрешам
И јас ја испив еднаш на денот на трансверот сестрата ми рече можеш и да ја испиеш јас мислев од инекцијата диазепам што ја примив сум таква а оно од нив било цел ден заклумушена
Во ред чим по две треба, само полежи си бар 45 мин-1ч пред да станеш сабајле па после продолжи си со спремања за крштевката. Убав помин
Така си направи, најдобро ти е. Јас кога правев инсеминација ги имав пиено, сабајле ставав една од 200, втората на поручек ја пиев (бидејќи тоа време бев на работа) а третата ја ставав вечерта пред спање. Докторот ми препорача во ситуации кога нема да биде изводливо да ја ставам, може слободно да ја испијам.
Девојки дали некоја од вас имала успех со врaтен 3 дневен ембрион оценет C5G1? На интернетов читам дека било најдобро да е барем 8 клеточен на 3ти ден.
Zdravo kaj mene vratija 2 embrioni 3 dnevni mislam bea G8 i G6 kvalitet taka pisuvase..imav uspesno invitro eden embrion se fati so srekja daj boze da bide i kaj tebe uspesno
Мене на 3ден ми е вратен 1ембрион денес ми е 3ден од ембриотрансфер. Другите 7 ги замрзнав. Ама мн болки имам ви кичмата. Со првото инвитро никаква болка немав
Здраво на сите храбри девојки! Се приклучувам на темава првпат со ептен "почетничко" прашање. Имено, во 2024та имав два спонтани и една биохемиска и последниве два ипол месеци ги поминав во испитувања од кои остана уште хистероскопија и АМХ за мене и днк фрагментација за сопругот. До сега испадна само дека имам низок Д витамин и 4 генетски мутации за тромбофилија за кои ми препишаа клексани во следна бременост. Но, затоа што сум веќе возрасна, сакам да се обидам и со ин витро опција, односно пред се замрзнување и евентуално PGD. Закажав за март косултативен преглед кај М. Ивановски, а до тогаш сакам да ве прашам дали воопшто може да аплицирам за ваучер со оглед на тоа дека имам веќе една ќеркичка родена без ин витро? Каде би можеле поконкретно да ми кажат дали сум воопшто eligible? Фала ви многу однапред, навистина сте инспирација и голема помош <3