За кај Др.Јани трансфузија нема термини. Дали докторот прима со приоритетни упати и во кои денови да не знае некоја да ми кажи?
Па зависи со каков протокол, со што си се боцкала и со колку инекции, што покрива Фондот. Јас со краток протокол лани платив околу 19.000 ден.
Здраво на сите ☺️ прв пат пишувам на оваа тема иако позади себе имам едно неуспешно инвитро кое го правев на приватно веднаш после една неуспешна инсеминација. После промена на клиника по совет на докторот продолжив со инсеминации, така што овој месец се спремам за мојата последна 4та инсеминација ( во оваа клиника трета) . Искрено немам многу надеж иако и со мене и со партнерот се е во ред. Ве читам многу време и сакам да ви кажам дека многу пати вашите приказни ми даваат сила да продолжам понатаму, доколку мојата последна инсеминација е неуспешна ќе ви се придружам овде заедно да си броиме денови. Ви подакувам на сите многу среќа и успех и дај Боже што побргу сите да се радуваме!