Фала ви жени, тогаш нека помине уште оваа, па ќе видиме. Докторот рече, мали се шансите за со инсеминација ама сепак имаш шанси... Ново ми е ова се.
Кај кој доктор си? На клиника? Јас имам многу позитивно искуство со др. Калчовски. Златен е и ништо не збори и прави колку ради реда
И ние аплициравме со препорака и една инсеминација, а на првата инсеминација беше наведено: примерокот по обработка не ги исполнува критериумите за АИХ. Потоа од фондот, ни побараа дополнителни испитувања, уште една инсеминација и слики од ХСГ. По, ни го одобрија ваучерот.
Имам хсг... Не ми кажаа ништо за примерокот за првата инсеминација, само 5м рече сестрата. Ќе видиме како ќе биде за скоро... Па што треба ќе се прави. Не прават проблем ако првото е зачнато природно?
Јас пробав инсеминацији еднаш со Кломифен еднаш со летрозол. Ништо не ми ги направи бидејќи слузницата на матката ми беше многу тенка излезе од терапијата. После директно на инвитро неуспешно а сега второ направив денес ми е 13ден од ембриотрансфер па за два дена ке правам преку крв анализи се надевам на позитивно
За вториот ваучер не си ти потребни повторно имсеминации. За втор всучер можеш да поднесеш после 6 месеци од направениот трансфер. Дали имате дијагноза за спермограмот? Доколку е многу лош спермограмот не ви се потребни инсеминации за да поднесете за ваучер.
Да си ја пишува дијагнозата на самиот спермограм. Првиот беше намалена подвижност. Вториот е со намалена концентрација и подвижност.
Zdravo devojki, znae li nekoja koja e cenata za transfer na zamrznat embion vo Plodnost? Na cenovnikot pisuva 49.000 ama toj im e star. A nov nema♀️
Јас сум во исчекување за да добијам менструација па после тоа ме чека пункција прв пат ке ми биде и незнам дали е ова страв или возбуда или незнам веќе што све во едно
А да си прашам јас дали ве фаќа лудило од хормоните поточно од инекцииве за стимулација јас примам триптофем замисли сама веке не можам да се поднесам а тешко на тие околу мене.....хахахаха Дај кажете како врвите вие какви симптоми имате и како си олеснувате
Здраво на сите, пишав и во групата за инсеминација, трета инсеминација неуспешна, тест правен на 17 ден од инсеминацијата преку крв. Меѓутоа уште немам добиено, ми доцни трет ден веќе. Кринон гелот го прекинав во неделата. Можно е од тоа да доцни? Симптоми никакви, градите ме болеа малку, веќе не, некои грчеви чудни имам во стомакот, ко бодежи и два дена главата ме боли. За бременост не се надевам, дека испитано е преку крв. Некој со вакво искуство?
Не се сеќирај ќе дојде, по неуспошно инвитро или инсеминација понекогаш циклусот може покасно да дојде, нормално е тоа.
Возбуда Ништо не е страшно, и низ се се поминува. Јас на секој дел од ивф процесот бев многу возбудена и се радував на секој следен чекор што следеше. Јас бев со долг протокол, последните денови ептен флуктуации во расположение од хормоните, како во ПМС тоа чувство го имав. Пробај да се релаксираш со филмче, прошетка и дружби со пријатели.
Devojki uttre treeba da otidam da me bocnat za E2 (vtor den ciklus) u Sustina. Kasno li e da otidam kaj 09.30-10h za E2? Id drug grad sum, za porano treeba u zori da trgnam
Плачев на глупости, се ме нервираше без причина и се потев многу жешко ми беше цело време. Никако не си помагав и кажав на сите особено на маж ми да не ме прашуваат ништо и да не ме закачаат. Ептен бев неподнослива