Девојки здраво, ми треба ваше мислење што да испитам наредно. Веќе 8 години се обидувам да забременам, последниот трансфер пред половина месец заврши неуспешно. До сега направени 2 инсеминации, 5 ивф, 2 хистероскопии, 1 лапараскопија. На едниот јајник имам ендометриоза 2см, претходно оперирана и пак вратена. Од испитувања освен хормони, ужасно лоши амх под 1 и фсх 12-18, мутации за кои секогаш примам клексани, проодност на канали, кариотип, нк клетки, тироидна, витамин Д. Наредно планирам брис од ендометриум. Што друго би било потребно да се испита? PGD немам правено зошто добивам мал број на ембриони недоволно за тестирање.
Феминки ве молам за консултација кога правевте ин витро/трансфер а ви беше успешно колкави ви беа вредностите на хормоните тсх и инсулин?
Здраво на сите, замолувам од членките кои што се повеке запознаени или имаат слично искуство да ми пишат совет. Денес прв пат бевме на консултации во нју борн, пред 6 мес. ми е направена хистеро лапаро од др. Димитров една туба е извадена друга прооодна но бременост немаше, јануари прва иуи неуспешна. Советот во нју борн беше да си потпишам согласност да ми ја затворат и другата туба и да се оди на ивф. Иако беше констатирано од Димитров дека другата туба е добра, дали би можеле да правиме ивф и да не е проодна? И зошто толку драстична мерка ? Се осудувам на доживотен стерилитет а тубата е добра. И да не е нели може ивф ? Благодарам и и извинтете на долгиот пост
Можеби затоа што постои ризик од вонматерична бременост.Кога подолго време не сте имале бременост најверојатно и другата не е баш функционална и може да ти прави проблеми( незнам не сум доктор сепак само мислење),јас сум со две вонматерични и извадени јајоводи,имам успешно инвитро
Зошто на приватно? Ние сите испитувања ги направивме на државна, спермограм на хистоголија има детален извештај исто како од приватна клиника, а и на гинекологија е ОК. Сопругот правеше неколку спермограми и спермокултура и секогаш имало термин. Исто така и инсеминација на државна правевме бидејќи шансите беа минимални. Јас сите хормони, брисеви и се друго правев на државна. Само ХСГ направив на приватно. Препорачувам да си проверите онлајн на мој термин кога има термин и само кажете и на матичната да ви генерира упат.
Здраво девојки Во вторникот имав пункција извадија три од кои едната празна останаа уште две ,вчера сабајлето ми се јави ембриологот ми рече едната не се оплоди другата да ќе се слушниме утре......сабајле ми се јави ми рече дека оплодената од вчера нема почнато со делба можи да касни не е проблем ќе ја чекаме до утре да прашам дали некоја од вас има некое сл искуство ,не ми е јасно колку време му даваат можност за делба т.с колку ги чекаат ....надеж имам 0% Ама тоа е
Мила, Знам колку е тешко да се чека, ова и мене ми беше најтешкиот дел… Ако добро се сеќавам, доколку ембрионот сè уште не почнал со делба, па дури и ако не се развива како што се очекува, обично му даваат дополнителни 24 часа со надеж дека само доцни во развојот. Утре би требало да имаат поконкретни информации. Од срце ти посакувам да биде така и да добиеш добра вест!
Денеска повторно отидов до фондот (црвен крст) конечно ги испратиле документите, се надевам дека не ме излажа. На 18.02 ги поднесов, сега останува да чекам одговор. Да не знаете кога ќе разгледува предмети комисијата?
Јави се фо фондот и кажи дека имаш поднесено на 18.2 прашај дали се разгледани ( ако знаеш дека не се ) и прашај кога ке има комисија најточно ке ти кажат комисија некогаш има две недели едно по друго некогаш преку една зависи како се договорат… Јави се на бројот на Јасмина што пишува многу е фина јас околу моите збркотии што настанаа само со неа контактирав и се завршив добро
Здраво, Подолу ги споделувам испитувањата што ги правев досега: Хормони 3ти ден со АМХ, ХСГ, Мутации, Кариотип, ТОРЧ, Антитела, Хомоцистеини, Хемостаза, Агрегација на тромбоцити (АДР, Колаген, Ристоцетин) и Витамин Д. Од она што го гледам, забележав дека ги немаш проверено антителата, па мое мислење да си земеш упат за Имунологија и хумана генетика. (За антитела и хомоцистеин) Ако одите, а би ти препорачала да се консултираш и со проф. Др. Дејан Трајков. Можеби ќе ти препорача и дополнителни анализи од имунолошка страна..
Јас ама немав температура,имав алергиска реакција.По два дена пункција.Не можи да ти одложат пункција,што ќе правиш со толку фолкули мора да ги извадат.Трансфер можи да се одложи,ама пункција освен ако не е нешто сериозно нема логика,да ја откажат
На 17ти имав трансфер на еден тридневен ембрион. Сабајле правев домашен тест и е негативен, а во понеделник ми рекоа преку крв ама мислам нема шанса за промена. Ова ми е 5 пат и мислам последен...
Јас пиев вака селен, магнезиум, витамин ц ми имаат кажано ама и преку овошје зеленчук многу помагал при процесот, витамин д, метилирана фолна, овунорм и природно матичен млеч за имунитет и добри јк.
Ти благодарам многу. Да, немам проверено антитела, ќе го ставам и тоа на листа. Торч заборавив да спомнам и тоа правев. Некако изгубив надеж за со мои јајце клетки после толку обиди, сега сакам да се концентрирам на рецептивност на матката дека е во ред и да пробам со донирани.
Не се разочарувај предвреме, понеделник направи бета и никако не прекинувај терапија. Јас пред неколку години исто како тебе на 12 ти ден од трансфер имав домашен негативен тест, цел викенд абе се утепав од плачање дур чекав да дојде понеделник за бета, и оп испадна позитивна бетата, за жал таа бременост заврши со спонтан, но муабетот ми беше, да шансите мош се мали но сепак постојат! Ќе те чекаме за убави вести, а до понеделник пробај да не правиш стресови. На крај што и да биде исходот, во никој случај нема да ти биде последен пат ќе се бориш се дур не успееш!