Јас кога правев ХСГ кај Толовски ми испадна дека имам масивен хидросалдингс и кога правев хистероскопија и лапараскопија ми рекоа дека немам ништо . После правев ХСГ на клиника и добри ми беа јајцеводите и матката. Јас сум со лошо искуство од таму
Да, треба целиот процес на боцкање да го помине, прегледи, хормони, пункција. А како е со познат донор, не знам. Би требало да може. Ќе прашаш во болницата каде што треба да се прави процедурата.
Женски вие со успешен трансфер може ли да споделите кога настануваат првите симптоми после трансферот фала многуу
Да не знае некој за Хсг на Гак како да се закаже? Зошто тоа тука до сега не се спомна. А на Толовски не верувам баш врз основа на некое претходно искуство, а и од Систина се жалат а и прескапо е.
Упат од матичен гинеколог за на гак. На гак ќе ти кажат се за хсг. Хсг се прави на радиологија. Со сестрите од гак одите таму.
Од што се жалат од Систина? Јас имам правено кај Толовски. На закажаниот термин дојде една докторка гинеколог, која доцнеше 20тина мин. На снимката ми излезе дека едниот јајцевод е непрооден. Друг проблем не се виде. За неполна година, го повторив снимањето во Систина, и резултатот покажа проодни и двата јајцеводи, но и септум на матката, и тоа бааѓи голем. Не ми е јасно како излегоа тотално различни резултати. Благодарение на снимката од Систина, направив хистероскопија, се отстрани септумот, и по 3 месеци имав успешна бременост. Од моето искуство, би ја одбрала Систина за ХСГ наместо Толовски, макар и што е поскапо. За ГАК немам искуство да споделам.
Секој со различно искуство не се парите во прашање , сестрами па во систина на хсг ја направија со еднорога матка, како да нема десен дел од матка и десен јајник. Она со септум по должина на цела матка и нормално два јајници. Ќерката на докторот ја учел како да прави тој седел до неа. Цд и дале само, без слика и кога отиде зетот да побара затоа што докторот бараше му дале на хартија слика. Треба барем ако се дава дупло пари од друго место да биде како што треба. Јас кај Толовски сум задоволна останав бремена истиот месец, односот, не чекав докторите спремни ме чекаа.
Кажете чаре за клексаниве, в стомак едвај влегува иглава. В рака ме боцка мед сестра ама по два боцкам и морам еднаш барем в стомак
Се боцкам од почеток по еден, рака и нога ме болеше многу и бев со многу модрици, Јани ми предложи во спољер и од вториот месец таму боцкам , више два месеци ставам по два и менувам една страна сабајле друга навечер.
Се боцкав во стомак до трети отпосле продолжив во бут,таму не ме боли многу,пробав и во спољер ама ме болеше повеќе
Во бут немам пробано сеуште, ќе мора изгледа. Некако кожава како да не се пробива, не знам што е работата, дали така е кај сите после некое време боцкање
Се прави мила така,кога боцкаме подолго време на исто место се стврднува местото,треба период да се опорави и да омекне,затоа менувај места кога е стврднато боли повеќе и тешко е за боцкање и мене ми е така
Јас мислев само на мене се прават модрици ама како што читав овде нормална работа било, ретко кај некој да не се појавуваат модрици И јас не сум пробала во бит, ама ќе мора да се проба, бидејќи боцкам само во рака по еден клексан, а во стомак боцкам пролутех. Може да ти препорачам за модриците да ставаш од кремата Хепатромбин.
Па мислам дека исто е и со познат донор, дека целиот процес го поминува. Јас кога прашав, онака ме интересираше (со познат донор не би направила) знам нешто ми спомнаа ќе темпирале заедно да сме добиеле циклус, ама тогаш се разочарав после пункција па не прашав ништо друго.
Мачкам Хепатромбин ама пак бавно поминуваат модриците. За нив и не ми е проблем, туку ме загрижува што некако не можам да ја боцнам кожава, едвај влегува иглата. Нешто др да не има за мачкање да се омекне местото за полесно да влегува иглата ? Или тоа е тоа