Да, процесот би бил ист, повеќе мислев дали може на поприроден циклус со апчиња само, да се избегне боцкањето. Не успеав многу информации да најдам во Донација на јајце клетки, повеќе по интернет што читав ама имам неделава консултација па ќе прашам. Инаку мене пријателка ми се понуди, веќе остварена како родител, разговарано и е со сопругот имаат донесено одлука па сакам да ја имам како опција кога секако размислувам за со донор.
Можеш и облоги борова вода, мене тоа ми помагаше, само последниот пат ставав хепатромбин, поинтензивно мачкање неколку пати на ден и омекнува местото
Ќе боцкаш мнооогу полека и полека инјектирај. После, почекај 10тина сек, па извади ја иглата. Немам ниту една модринка од клексани со вакво боцкање.
Девојки колку време се чека од фондот да одоби ваучер ? документи поднесов на 24.02. Знам дека е рано но од прилика за колку да очекувам.Пред 3 Години кога поднесов за прво дете за 2 недели ми одобија
Мое мислење е дека е ниска, ама направи уште една задутре да видиш како расте, дали се дуплира правилно, веројатно тоа е поважно. Докторот што вели?
Нема што да правиш освен да се стрпиш до следна бета, пробај да не се грижиш премногу, може па и ќе се дуплира како што треба