Сакав да прашам дали после трансфер сте имале болки во стомакот како грчеви. Второ ми е ова, на првото немав апсолутно ништо, а сега чуствувам болка во кичмата, грчеви во стомакот и нозете.
Ако отиде порано резултатите ги даваат и пред 12, мене така ми кажаа, отидов порано и за саат ипол-два ги земав.
Девојки, после неуспешното инвитро во октомври, месецов природно добив позитивен резултат Уште е рано, утре ми е ден за недобивање, меѓутоа вчерашниот тест (горе на сликата) ми е некако поистакнат од денешниот (доле). Има ли место за паника?
Ти благодарам многу мила... малце ме фати паника пошо нели линијата треба да стане потемна, а мене некако побледа ми е од вчера. Дали е од тоа што почнав со утрогестан па да не била помешана урината со утрогестанот денес и затоа ваков резултст, не знам, само се надевам дека нема кратко да ни трае среќата..
Можеби урината била поконцентрирана и не е голема разликата на линиите.Не прави си стрес мисли позитвно дека се ќе биде во ред.Провери си преку крв за помирна да бидеш
Zdravo, i jas imav inseminacija ama ne primiv inekcija. Zosto se dava stop inekcija? Fala odnapred ❤️
За да престанат да растат и да предизвика да пукнат фоликулите во рок од 36-48 часа. Кај мене беа пред пукање и затоа без стоп. Еве денес ужасна болка во јајник... Ти кога правеше и каде?