Здраво девојки вчера правев бета и официјално позитивно прво и второ инвитро правено кај Лазаревски успешни
Devojcinja mi se javi embriologot. I toa edno embrionce se razvilo, transfer utre. Pa da ve prasam iskustva so intralipidna? I dali znaete momentalna cena vo Sistina za intralipidna
Женски има некој искуство да сподели со Генетските мутации конкретно за PAI-1-Резултат е зголемено ниво во крвта, намалена веројатност за имплантирање на ембрион при инвитро.
Ти си истата што пиша дека имаше негативни тестови после 10 дена трансфер со бластоцити и сега позитивна бета! Честитки од срце, значи да не се брза со домашни тестови, од крв дирекно најдобро
Да дефинитивно, тоа гледам се почесто, да не се разочаруваат со домашни тестови и прекин терапија додека не се види преку крв, еднаш или два пати.
Здраво феминки, после долг период еве ме пак да пишам. На 03.03 имав трансфер на два ембриони ( вратени на трет ден ), па денес ми е 9ти ден после ЕТ и правев тест па има светла линија.Мислам дека е позитивен . Дали има некој правено тест на 9ти ден? Ви посакувам среќа на сите
само што правевме муабет погоре да не се прават рано тестови, а 9ти ден со тридневни ембриони рано е за домашен тест, но кај тебе ѕирка нешто Да не примаше стоп инекција и кога?
Поминато е многу време од стоп инекцијата, јас ја имам 'тестирано' овитрел 250mcg која е еквивалентна на 10 000 единици и истата ми ја снема од организмот после 10 дена. Ти посакувам да е од бременост цртката, извести не!