здраво феминки,сакам малку пошироко да ви го објаснам мојот проблем,веќе 2 години со сопругот се обидуваме да добиеме бебе ама без успех,почнавме со испитувања,значи:микробиолошки испитувања,пап тест, 2д со ехо доплер, 4д,па хсг,(исто така и на сопругот му е нормален спермограмот),немам антитела против спермата на сопругот,да напоменам дека сите резултати ни се добри а бременост нема,поминавме и 2 неуспешни инсеминации кај органџиски во штип и сега веќе се мислеме што поматаму,дали да одеме дирекно на ин витро приватно,дека ова со инсеминации е слеп процес и ретко кој имал успех и за џабе си го трошеме и времето и парите,досега сме дали повеќе од 60.000 денари значи ние речиси сме го платиле приватно ин витрото.Ве молам за совет кој имал ваков проблем да резултатите ви се во ред да на немате постигнато бременост и дали некој има искуство кај органџиски или како што читав скоро сите одат во систина и ремедика,
Мојот (не) проблем беше следен. Нормални резултати комплет од двете страни. 5 години лечење „стерилитет„ односно обиди и експерименти каде е проблемот. При првата инсиминација имаше околу студенти, а јас како учебник легната, докторот им објасни на студентите (мене не) во што е проблемот. На отворот на грлото на матката имало некоја ципа (како со кондом) при што сперматозоидите не можеле да продрат во матката. При втората инсиминација се фати иако прокрварив од кога станав после тие 2 часа. Не се разочарувај, ако бараш ќе најдеш. Со среќа
ако немате конкретен проблем нема да ви одобрат од фондот ваучер за инвитро без 4 инсеминации а и никогаш не се знае многу знам што останале бремени од инсеминации ама тоа од систина и ремедика и гак
ваучер без инсеминации даваат кога е многу лош спермограмот и кога каналите на жената се запушени или ги нема . А доколку има некој проблем може и со две инсеминации да се помине доколку лекарот напише извештај (причина) дека за тој и тој проблем залудни се понатамошните инсеминации. во сите останати случаи па и кај оние со идиопатски стерилитет мора да се направат 4 инсеминации, со 4 неуспешни инсеминации добиваш ваучер за ифв.
А колку време ви беше потребно да ги соберете сите потребни документи со се сите испитувања за да аплицирате за ваучер за ИВФ?
Фала многу! Има некаде запишано како се дефинира лош спермограм? Јас најдов нешто на стрната на фонд. Во нашиот конкретен случај, слаба морфологија, само 6% нормални, а пишува на страната 4% се сметаат за лош. Искрено не гледам некоја голема разлика?! Има шанси да пробаме директно да поднесеме документи?
Девојки, денес ми е 10 ден од е. трансфер, веќе немам трпение и се си мислам да направам тест, сто мислите дали да се обидам или да почекам?
Да почекаш. Сеуште во организмот имаш хормони од терапијата, а 10 дена е прерано и онака, и шансите да добиеш неточен резултат (било позитивен, било негативен) се големи. Почекај усте некој ден. Мене докторот ми рече тестот да го правам 16 дена после трансфер, ти кога треба?
И мене истото ми го кажаа 15 или 16 ден да направам тест , само немам веќе трпение и почна некоја депресија и нервоза да ме фаќа, а имам читано дека некои правеле порано тест и излегувале точни резултати...
Кај некои да, ама не кај сите. Немаш ќар од резултат во кој не можеш потполно да бидеш сигурна. Знам како е Викенд доаѓа, прошетај малку, види се со луѓе, колку да си го пополниш времето. Без многу напор секако. Со среќа!
Вирго , немој да правис тест, остави на докторите да си ја заврсат работата докрај, а и да направис сигурно ке ти показе неточно и само ќе се нервирас а мозеби си бремена! опусти се, и издрзи, јас правев тест преку крв 13ден и бев убедена дека не сум бремена, немав нисто од симптоми, градите мали, ама ете имасе чудо и за мене, се израдував! така и ти, опусти се, стом си имала гасови ја верувам дека си бремена одмарај, сеткај помалку, и за неколку дена ќе славиме, убедена сум Беба каде си? не ни јави нисто за тебе да знаес дека те мислиме и чекаме
ДЕВОЈКИ ВЕ МОЛАМ ЗА ИНФОРМАЦИЈА ШТО ЗНАЧИ РЕЗУЛТАТ НА ХЦГ 31?? ДАЛИ Е ТОА ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ, МИ РЕКОА ПАК ДА ГО ПОВТОРИМЕ ВО ВТОРНИК?
По тоа што прочитав на нет, се' над 25 се смета за позитивна бременост...кој ти го правеше тестот, зошто тие не те информираа? Колку дена ти доцни? Најубаво јави се кај матичната...
Доколку немате посериозен проблем вие или мажот исконтактирајте ги преку FB Stani Roditel даваат доста корисни совети како да забремените. Знам неколку парови кои успеале после советите. Советите се однесуваат на начин на исхрана итн. Порано функционираа преку е-маил сега се само на FB и контактот е преку пораки. https://www.facebook.com/profile.php?id=100007537276526
во ремедика, ми кажаа дека е слабо позитивен но некако се плашам дека вредноста е многу мала. инаку правев инвитро и примам прогестерон така да тој не дозволува да добијам колку што знам.
Здраво Лори, за зал мила немам позитивен резултата моето Инвитро е неуспесно, здравје за 6 месеци со нови силииии
А Беба вие каков проблем имавте па се одлучивте за инвитро? Без разочарувања, кога во нешто веруваш, плус релаксирана, плус со љубов се ќе си дојде на свое. И ние со мм се подготвуваме за инвитро, и се надевам дека ќе бидам јака и дека нема да паничам. Поздрав
Беба мила бас ми е зал, ама не очајувај туку со нови сили напред, јас имав три инсеминации без успех и две инвитра исто неуспесни а бев убедена дека ке успеам, иеве дури со третово успеав ама кај друг доктор, така да се во свое време, кога ке рече господ тогас ќе биде, на нас остаунува да се бориме и да не се одказуваме, ама успехот е НЕИЗБЕЗЕН, ќе го постигнеме сите кога тогас! ве охрабрувам сите девојки и поздрав
Здраво девојки, денес ми е 12 ден од трансфер, правев обичен тест за бременост и ми покажа позитивен резултат, инаку другата цртичка е побледа од контролната ама колку што знам и тоа се смета за точно ? Леле колку сум среќна да даде Господ секој да ја осети овааа среќа. Сабајлево си викам што биде нека биде , рацете ми се тресеа и уште ми се тресат, едвај чекам да одам кај Лазаревски да ми кажат едно е или две , лелеееееееееееееее не ми се верува конечно и јас да видам две цртки