Бев сега, ми се допадна. Докторот што ме води на гак беше таму. Малце ми падна незгодно ама тоа е.. Може вика сестрата и он да те води, така да ако идемен на ивф ќе биде таму. Одма такви, може и веднаш преглед. Ама јас сум прв ден циклус денес.
Сеуште немаат толку многу гужви како другиве клоники и имаат време да те сослушаат и да се посветат да сега и др Калчовски им се приклучи добар тим се, сестрите ми пишуваст сами на вибер како се снаоѓам со инекциите да не имам некој проблем дури и ми е чудно за разлика од претходните клиники, и ми се допаѓа што работат во две смени има нон стоп до 8ч.
Да па и мене ми е ради достапноста. На гак го бркам доста,за се сечека историски долго... И не знам што е паметно. Да терам инсеминации на гак, па за ивф ваму. Многу ми се 16000 да ги дадам за инсеминации а секако ќе се без успех.
Здраво женски. Ми останаа неколку кутии Пролутекс купен во Турција. Доколку некоја сака да купи нека ми пише порака, 1600 ден кутија.
Ми стигнаа резултатите од пап и брисеви. Брисевите чисти а на папот има неспецифицирана инфекција. Ми препишаа канестен. Дали да поднесам документи за ваучер со таков пап и чисти брисеви или да аплицирам канестен па пак да правам пап. Ми е страв да не ме вратат поради кандида
Можеш да пробаш некое време со канестен па да се тестираш за кандида и со резултатот ако е негативен да го поднесеш со папот
Мене два пати ми одобрија ваучер со инфламација на ПАП-от, а чисти брисеви. Ако брисевите ти се направени после ПАП-от или истиот ден, нема зошто да те вратат. За инфекции брисевите се поверодостојни.
Девојки порано беа 30 инекции што покрива фондот сега колку се последно со ваучер одобрен од 2024 33 така или грешка сум